Quantcast
Channel: Кајгана
Viewing all 63056 articles
Browse latest View live

165 нови случаи, 7 лица починаа од COVID-19

$
0
0
165 нови случаи, 7 лица починаа од COVID-19Марта Стефановска03.07.2020 / 15:57

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на COVID-19.

По градови:

Скопје-71, Куманово-15, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-5, Тетово-20, Струга-3, Велес-1, Битола-3, Охрид-10, Гостивар-14, Пробиштип -4, Македонски Брод-1, Кичево-2, Ресен-5.


Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 128 оздравени пациенти од: Скопје-97, Штип-11, Тетово-3, Велес-2, Битола-2, Струмица-1, Ресен-11, Неготино-1.


Починати се 7 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, еден пациент од Струга, еден од Кочани и еден пациент од Неготино.


На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починат е пациент (55г). Во ГОБ „8 Cептември“ починати се двајца пациенти (68г) и (63г).
Во болницата во Кавадарци почина пациент од Неготино (56г), во болницата во Кочани пациент (56г). Во Куманово се починати двајца пациенти на возраст 71г и 79г.


Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.787, бројката на оздравени пациенти е 2.876, на починати е 328, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.583.

Од вчерашните тестирања три се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 3.280, активни 1.983
• Куманово 784, активни 232
• Дебар 103, активни 51
• Штип 365, активни 160
• Прилеп 274, активни 48
• Тетово 743, активни 406
• Струга 245, активни 147
• Велес 189, активни 40
• Битола 57, активни 21
• Охрид 190, активни 161
• Кавадарци 21, активни 15
• Гостивар 143, активни 84
• Гевгелија 12, активни 5 (2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)

• Струмица 16, активни 9

• Крива Паланка 15, активни 9

• Радовиш 4, активни 0

• Крушево 7, активни 4

• Кочани 73, активни 20

• Пробиштип 24, активни 15 • Демир Хисар 2, активни 1 • Македонски Брод 6, активни 4 • Пехчево 6, активни 3 • Берово 3, активни 1 • Валандово 6, активни 2 • Виница 3, активни 0 • Делчево 1, активни 0 • Кратово 4, активни 1 • Свети Николе 34, активни 30 • Кичево 40, активни 34 • Ресен 116, активни 91 • Неготино 21, активни 6 ( 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)


Направените 1.454 тестови се преку: ИЈЗ –768, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –98, Биотек –90, МАНУ -180, Жан Митрев (Филип Втори) -143, Судска медицина-11, Систина со PCR метода -108, ЦЈЗ Битола-56, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 64.837 тестирања на COVID-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.


На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 89 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.


Во болницата во Козле се хоспитализирани 30 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 5 деца позитивни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 18 нови, вкупно хоспитализирани се 130 пациенти. На респираторна машина се 9 пациенти.


Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се хоспитализирани 40 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 91 пациенти – позитивни и сомнителни на COVID-19.


Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 424
• Аеродром – 154
• Бутел – 163
• Гази Баба – 193
• Центар – 143
• Карпош – 167
• Сарај – 148
• Кисела Вода – 121
• Ѓорче Петров – 113
• Студеничани – 113
• Шуто Оризари – 90
• Арачиново – 54
• Илинден – 32
• Петровец – 16
• Чучер Сандево – 19
• Сопиште – 14
• Зелениково-6
• Странец – 2
• Нераспределен- 11

Автор/Извор
М.С.
Прикажи во метро
On

Скопјанец малтретиран поради долг од 4.000 евра

$
0
0
Скопјанец малтретиран поради долг од 4.000 евраМарта Стефановска03.07.2020 / 16:07

Скопјанец и охриѓанец се сомничат дека извршиле кривично дело „самовластие“ врз 65-годишен скопјанец кој од нив позајмил 4.000 евра. Кривичната пријава е поднесена против П.Р. (33) од Охрид и М.А. (31) од Скопје.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека 65-годишниот В.П. зел 4.000 евра од двете лица за што залог требало да биде неговиот стан. Бидејќи тој не го ставил станот како залог, а не можел да ги врати позајмените пари, на 29 мај околу 10 часот во близина на зградата каде живеел, бил пресретнат од двајцата и однесен во паркот Гази Баба каде околу час и половина бил малтретиран. Потоа бил однесен во неговиот стан каде продолжило физичкото малтретирање и заканите по неговиот живот и животот на неговото семејство.

На повредениот му се констатирани повреди од страна на лекар од ГОБ „Наум Охридски“.

По пријавувањето на настанот, М.А. сам се пријавил во полициска станица, а  за П.Р. е распишана централна потерница. 

Автор/Извор
МИА
Прикажи во метро
Off

Кочанчанец нападнал вработен во маркет откако не сакал да го напушти поради неносење маска

$
0
0
Кочанчанец нападнал вработен во маркет откако не сакал да го напушти поради неносење маскаМарта Стефановска03.07.2020 / 16:20

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против В.Ѓ. (32) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Како што соопшти МВР, на 28.04.2020 пријавениот влегол во маркет каде од вработената му било укажано дека треба да носи заштитна маска. Тој почнал да ѝ упатува закани, а кога другиот вработен В.С. му рекол да го напушти маркетот, В.Ѓ. физички го нападнал, користејќи и тврд предмет. 

Автор/Извор
МИА
Прикажи во метро
Off

Еротски микс

$
0
0

Живот новинарски

$
0
0
Живот новинарскиБилјана Богоеска03.07.2020 / 16:29

Фото: Фросина Насковиќ / МИА

Пронајдено безживотно тело во Охридското Езеро

$
0
0
Пронајдено безживотно тело во Охридското ЕзероМарта Стефановска03.07.2020 / 16:47

Безживотно тело на средовечен маж попладнево е пронајдено во водите на Охридското Езеро. Случајот во полиција бил пријавен од страна на случајни минувачи кои го забележале телото на самиот кеј „Македонија“ во градот.

Увид извршија екипи на крим техника на СВР Охрид, како и екипа на Службата за итна медицинска помош која ја констатирала смртта.

Станува збор за лицето С. Ј. на 49-годишна возраст од Охрид. Причините за настапувањето на смртта ќе ја утврди обдукцијата. 

Автор/Извор
МИА
Прикажи во метро
Off

ФИФА планира да ги замени судиите со роботи на СП во Катар

$
0
0
ФИФА планира да ги замени судиите со роботи на СП во КатарБилјана Богоеска03.07.2020 / 17:02

Линиските судии на Светското првенство во Катар 2022 година би можеле да бидат заменети со роботи, изјави Јоханес Холцмилер, директор на технологија во ФИФА, во разговор за германскиот ARD.

Револуционерниот систем кој беше тестиран на клупското Светско првенство минатата година би требало да биде спремно за следниот Мундијал.

Системот се воведува поради се поголемиот проблем со офсајдите, особено откако е воведен VAR.

На терените според новиот предлог би требало да бидат поставени роботи кои постојано би ставале линии на задните играчи на одбраната и штом некој од играчите би бил во офсајд, би го алармирале главниот судија.

Идејата е да се забрза прегледувањето снимки и да се олесни работата на VAР, велат од ФИФА.

За наредната сезона веќе се издадени упатства според кои треба да се толерира офсајд од 10 сантиметри.

Автор/Извор
Б.С.Б.
Прикажи во метро
On

Сафет Бишевац позитивен на COVID-19

$
0
0
Сафет Бишевац позитивен на COVID-19Александра Спасеска04.07.2020 / 15:59

Скопје, 4 јули 2020 (МИА) – Сафет Бишевац, кандидат за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на својот Facebook профил соопшти дека е позитивен на COVID-19.

-Почитувани пријатели, тестирањето покажа дека сум позитивен на COVID-19. За жал, нештата понекогаш се случуваат и покрај максималното можно почитување на препораките за заштита, наведува Бишевац.

Тој додава и дека засега се чувствува одлично, како и дека нема никаков проблем, но заедно со семејството во наредниот период ќе остане во изолација и ќе биде под надзор на матичниот лекар.  

Автор/Извор
МИА
Прикажи во метро
Off

Земјоделец загина во несреќа со трактор

$
0
0
Земјоделец загина во несреќа со тракторАлександра Спасеска04.07.2020 / 16:02

Скопје, 4 јули 2020 (МИА) – С.Р. (70) од село Тимјаник го загубил животот откако тракторот со кој управувал, се превртел и го згмечил.

Како што соопшти полицијата, несреќата се случила вчера, а била пријавена вечерта, во 20:20 часот во Полициската станица – Неготино.

Според извршениот увид, тракторот се превртел при излегување од нива, движејќи се кон колскиот пат со мала удолнина.

Доктор констатирал повреди од кои С.Р. починал, а за настанот е информиран и јавен обвинител.

Автор/Извор
МИА
Прикажи во метро
Off

Николоски од Прилеп: ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи увоз додека не се откупи домашниот тутун

$
0
0
Николоски од Прилеп: ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи увоз додека не се откупи домашниот тутунАлександра Спасеска04.07.2020 / 16:09

Скопје, 4 јули 2020 (МИА) – Потретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во Изборната единица 4 Александар Николоски денеска од Прилеп истакна дека остануваат клучните ветувања поврзани со земјоделството, пред се со откупот на тутунот.

ВМРО-ДПМНЕ, рече Николоски, нема да дозволи увоз додека не се откупи домашниот тутун.

– Ќе повторам на првата седница на влада изгласување на закон со кој што ќе се забрани кило тутун да се увезе во Македонија пред целосно да се откупи домашниот тутун. Во исто време, пред недела дена споменав, но еве недела дена помина и немам никаков одговор да го поставам повторно прашањето директорот на тутунскиот комбинат поставен од владата, тутунскиот комбинат целосно во сопственост на државата зема нето 3.5000 евра плата, бруто 5.500 евра плата. Како е тоа возможно во услови кога земјоделците и тутунарите едвај врзуваат крај со крај, рече Николоски, додавајќи дека тоа е нешто за што мора да има одговорност.

Тој нагласи дека ќе работат за брза реализација на автопатско поврзување на Велес, Градско, Прилеп, Битола до грчка граница. Додаде дека ќе има средба со културните работници во Прилеп, затоа што таму планираат да изградат нов објект за театарот. Старата чаршија која во изминатиот период се повеќе е затворена, вели тој, целосна ревитализација во периодот кој што доаѓа.

– Едно од основните ветувања од нашата програма е враќање на владеењето на правото, како еден од најзначајните проекти е проектот за испитување на потекло на имот и капитал на сите носители на јавна функција во изминатите 30 години. Јавно го повикувам Зоран Заев да излезе во јавност и да каже дали е во состојба да го докаже потеклото на сопствениот капитал и капиталот на неговото семејство кое во изминатите 18 години колку што тој е вкупно на функција стана најбогато семејство во Македонија, нагласи Николоски, кој го повика Заев на ТВ-дуел.

Одговарајќи на новинарско прашање во однос на одлуката на ЕУ, Николоски рече дека посакува час поскоро земјава да добие датум за почеток на преговорите.

– Јавно да прашам кој е датумот на кој Македонија ќе почне со преговори со Европската унија? Јас посакувам да е тоа час поскоро, добро е за државата, добро е за сите нас и ние тоа сакаме да се случи , но во овој момент тажната вистина е дека три години Македонија со Зоран Заев не добива датум за преговори, рече Николоски.

Remote video URL
Автор/Извор
МИА
Прикажи во метро
Off

Спасовски: Домашна платежна картичка и за пензионери и неактивни баратели на работа

$
0
0
Спасовски: Домашна платежна картичка и за пензионери и неактивни баратели на работаАлександра Спасеска04.07.2020 / 16:14

Скопје, 4 јули 2020 (МИА) – Носителот на листа во ИЕ 2 и премиер, Оливер Спасовски најави економска поддршка и за нови категории граѓани како дел од поддршката за справувањето со последиците на економски план, од здравствената ситуација.

– Најавувам четврти сет мерки и сите пезионери кои примаат пензија до 15.000 денари и неактивните баратели на работа, што се пријавуваат на шест месеци, ќе добијат исто така домашна платежна картичка, посочи Спасовски во интервју за ТВ Шутел.

Тој ги објасни трите сета мерки за поддршка на ранливите групи граѓани, вработените и бизнисите со коишто се помогна преку домашната платежна картичка, ваучерите за туризам и бескаматните кредити за фирмите.

Спасовски вели дека ја градат земјава како социјална држава што е уставна обврска.

– Најавувам дека наскоро ќе започне со градба социјаланата зграда во Шуто Оризари со 52 стана. Но, нашата цел е луѓето да не живеат од социјална помош, туку да извлекуваме од сиромаштија. Овде се изгради и една од најубавите градинки. Направивме реконструкција на училиштето „Браќа Рамиз и Хамид“, ги интегрираме Ромите во институциите, да се образуваат, работат и отвораат бизниси, потенцира Спасовски.

Коалицијата „Можеме“, вели тој, знае каде ја води држаата.

– Од режим ја донесовме на правиот пат кон НАТО и ЕУ и продолжуваме по правиот пат, рече Спасовски.

 

Автор/Извор
МИА
Прикажи во метро
Off

Полиција #НаТочак

$
0
0
Полиција #НаТочакАлександра Спасеска04.07.2020 / 16:24

Фото извор: Facebook страница на Наќе Чулев

Манчевски: Безидејната ВМРО-ДПМНЕ во својата програма ветува проекти што СДСМ веќе ги спроведе

$
0
0
Манчевски: Безидејната ВМРО-ДПМНЕ во својата програма ветува проекти што СДСМ веќе ги спроведеАлександра Спасеска04.07.2020 / 16:37

Скопје, 4 јули 2020 (МИА) – Потпретседателот на СДСМ и кандидат за пратеник од ИЕ 1, Дамјан Манчевски денеска на прес-конференција рече дека изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ е безидејна, со понудени проекти кои се веќе реализирани од актуелната власт.

-И додека ние се надевавме на противник со кого ќе можеме да дебатираме за кој нуди подобри политики за подобар живот на граѓаните, се соочивме со програма која како да е пишувана пред неколку години.

Безидејноста на ВМРО-ДПМНЕ и отсуството на допир со реалноста се чита на секоја страна од нивната програма. За мене беше големо изненадување, но и разочарување кога согледавме дека нивната програма е всушност збир на веќе реализирани проекти само ставени во идно време, истакна Манчевски.

Манчевски се осврна на 13 мерки што ги предлага ВМРО-ДПМНЕ од сферата на дигитализацијата, конкретно образложувајќи дека се спроведени.

– Направиве анализа на нивната програма во делот на дигитализацијата. Еве што велат. „Намалување на цени во роаминг во Западен Балкан 2020 и 2021 година и укинување во 2022 година“. Реалноста е дека веќе една година во земјите од Западен Балкан, нашите граѓани користат услуги во роаминг по цени до 99 отсто поевтини. Од 1 јули 2021 година цените во роаминг целосно ќе се укинат.  Во координација со Европската Комисија веќе се изработува план со рокови за „роаминг како дома“ во земјите од ЕУ. „Центри за една точка за услуги“. Реалноста е дека веќе се отворени два центра, во Скопје и Тетово, а во завршна фаза се во Охрид и Куманово. „Политика за е-услуги и апликации за мобилни услуги“. Реалноста е дека националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk беше пуштен во употреба на 16.12.2019 година преку кој веќе се нудат 136 електронски услуги. Бројот секојдневно расте, укажа Манчевски.

Тој на прес-конференцијата посочи вкупно 13 мерки, иако, како што рече, за жал, има такви – предложени од многу повеќе.

-За жал, има уште многу вакви примери. Искрено сум разочаран. Навистина очекував после толку критики, многу повеќе. Очекував и можеби некоја добра идеја. Но, нема. Се работи за неверојатна безидејност и непознавање, дури на граница на опасно. Но, ние покажавме дека можеме. Еве и програмата на ВМРО-ДПМНЕ како да е список на работи кои веќе сме ги направиле во областа на дигитализацијата. Можеме уште повеќе и уште подобро и тоа ќе го покажеме после 15 јули, рече Манчевски.

Remote video URL
Автор/Извор
МИА
Прикажи во метро
Off

Вице Заев: Објавените разговори се лаги од трети лица

$
0
0
Вице Заев: Објавените разговори се лаги од трети лицаАлександра Спасеска04.07.2020 / 16:43

Скопје, 4 јули 2020 (МИА) – Вице Заев, братот на лидерот на СДСМ Зоран Заев, во допис до медиумите вели дека објавените разговори се лаги од трети лица кои нема да ги попречат да даваат плати и да плаќаат даноци.

– Објавените рекла-казала лаги од трети лица нема да ги попречат Заеви да даваат плати и да плаќаат даноци. Целосно ги отфрлам како лаги и манипулации објавените рекла-казала муабети во кои трети лица го спомнуваат моето име. Тоа се очајни лаги произлезени од фејкњуз подрумите на опозицијата. Заеви се чесни и вредни Македонци. Режимските инсталации нема да нѐ спречат да продолжиме да даваме плати, да плаќаме даноци и да ги помагаме македонските граѓани, посочува Вице Заев.

Тој реагираше на аудиснимката која денеска е објавена и на нов YouTube канал, насловен како „Вице мафијашот“. Разговорот во кои се слушаат две лица е именуван како „Вице даде зелено светло да запалам коли“.

Автор/Извор
МИА
Прикажи во метро
Off

Што треба да јадете пред и по вежбање?

$
0
0
Што треба да јадете пред и по вежбање?Александра Спасеска04.07.2020 / 16:47

За идеални резултати од вашето вежбање и режим на исхрана, треба да знаете што и кога треба да јадете во однос на вежбањето.

Една храна е добра за „гориво“, а друга за закрепнување.

Category
Video Embed
Teaser Media
Author/Source
А.С.
Content appears in Metro
On

Здрав тренд кој треба да го пробате: Ладно цедено кафе

$
0
0
Здрав тренд кој треба да го пробате: Ладно цедено кафеАлександра Спасеска04.07.2020 / 15:42

Ладен кофеински напиток кој ќе ве освежи во овие жешки летни денови звучи како одлична идеја, но ова кафе не е наменето само за во лето.

Ако сте љубител на кафе и сакате сѐ во врска со него – аромата, вкусот, енергијата – тогаш сигурно ќе го обожавате ладно цеденото кафе. Како обожавател на кафе, можам да потврдам дека овој начин на подготвување на кафето ми го редефинираше ритуалот и задоволството на правењето и пиењето кафе.

Ладно цеденото кафе (cold brew coffee) е тренд што зема замав во последно време, но е многу повеќе од минлив каприц на социјалните мрежи. Вака приготвеното кафе е поздраво и плус ќе ви заштеди многу време наутро. Сигурна сум дека ова ќе стане вашиот нов омилен начин на кој подготвувате кафе.

Процесот е многу едноставен: мелено кафе се прелева со ладна вода и се остава да отстои најмалку 12 часа на темно и ладно место, најдобро во фрижидер.

Потоа се процедува и се добива концентрат кој потоа треба да се раствори со вода. Може да додавате млеко, шеќер, карамел и други додатоци што го прават вашето кафе ваше посебно уживање.

Кафето добиено со оваа техника на ладно цедење има далеку помала киселост од кафето што се прави со жешка вода и има природно посладок и помек вкус.

Нема разлика во калориската вредност во споредба со другите кафиња, но бидејќи има помала киселост и е послатко, нема да имате потреба да додавате засладувачи, што значително ќе го намали бројот на калории што обично го внесувате со засладено кафе.

Погледнете ги овие три начини како се подготвува ладно цедено кафе и изберете го оној што најмногу ви одговара на вашите услови и потреби. Подготвениот концентрат може да го чувате во фрижидер 7 до 10 дена.

Remote video URL

Ако сте како мене и сакате да го искористите максимумот од намирниците и производите, со што штедите енергија, создавате помалку отпад и помалку купувате производи спакувани во пластика, талогот филтрирано кафе добро исцедете го низ парче памучен материјал и може да го искористите за правење домашни производи за нега на кожата, како скраб или пилинг. Како да ги направите овие средства за нега, видете ТУКАи ТУКА.

Автор/Извор
Александра Спасеска
Прикажи во метро
On

Кање Вест ќе се кандидира за претседател на САД

$
0
0
Кање Вест ќе се кандидира за претседател на САДАлександра Спасеска05.07.2020 / 14:45

Американскиот рапер Кање Вест синоќа на Twitter објави дека ќе се кандидира на ноемвриските претседателски избори во САД.

„Сега мора да го исполниме ветувањето на Америка со верување во Господ, обединување за нашата визија и изградба на нашата иднина. Јас се кандидирам за претседател на САД“, напиша Вест на Twitter.

Сѐ уште не е познато дали Вест, силен поддржувач на политиката на актуелниот претседател Доналд Трамп, навистина има намера да се кандидира само четири месеци пред изборите закажани за 3 ноември, и дали и официјално ја поднел кандидатурата.

Кање Вест со сопругата Ким Кардашијан

Во голем број сојузни држави сѐ уште не е завршен крајниот рок за додавање на независните кандидати на гласачкото ливче.

Најновата објава на американскиот рапер предизвика лавина реакции кај неговите 29 милиони следбеници.

Главниот извршен директор на Tesla, Елон Маск, е еден од многуте што го поддржаа Вест.

„Ја имаш мојата целосна поддршка“, напиша Маск.

Неколку дена претходно двајцата споделија на социјалните мрежи дека се сретнале.

Автор/Извор
МИА/КАЈГАНА
Прикажи во метро
Off

Корона-кризата не ги исплаши Хрватите – излезноста на изборите речиси како во 2016 година

$
0
0
Корона-кризата не ги исплаши Хрватите – излезноста на изборите речиси како во 2016 годинаАлександра Спасеска05.07.2020 / 15:03

Во Хрватска денеска се одржуваат 10-тите парламентарни избори од стекнувањето независност, а според Државната изборна комисија (ДИК) изутринава на гласање излегле 18,09 проценти од гласачите.

Фото: EPA/Антонио Бат

До пладне гласале 620.000 гласачи, што е само околу 20.000 помалку отколку на изборите во 2016 година, пренесува агенцијата Хина.

Пред помалку од четири години, во истиот период, на гласачките места излегоа 18,07 отсто  од гласачите.

Новите податоци за излезноста на ДИК ќе бидат објавени во 17 часот.

На изборите учествуваат 192 избирачки листи, со 2.700 кандидати. Право на глас имаат 3,86 милиони избирачи, кои гласаат на околу 7.000 избирачки места во земјата и во странство.

Се чини дека корона-кризата не ги одврати Хрватите од гласање, но сепак останува да видиме како ќе се одвива изборниот ден.

Хрватска има 3.094 регистрирани случаи на COVID-19, од кои 2.183 оздравеа, а 113 починаа.

Автор/Извор
МИА/КАЈГАНА
Прикажи во метро
Off

Скок

$
0
0
СкокАлександра Спасеска05.07.2020 / 15:32

Фото: Ивана Батев/МИА

5 јули 1946 светот првпат се запознал со бикини

$
0
0
5 јули 1946 светот првпат се запознал со бикиниАлександра Спасеска05.07.2020 / 15:37

На денешен ден, 5 јули, во 1946 година во Париз, Франција, за првпат е промовиран дводелниот женски костим за капење - бикинито.

Модерните бикини ги креирал инженерот Луј Рир во Париз во 1946 година. Двете мали парчиња облека за капење ги именувал токму по полигонот за нуклеарни тестови односно Атолот Бикини бидејки мислел дека возбудата која ќе ја предизвика облеката ќе биде еднаква на експлозија на атомска бомба.

Костимот на Рир е рафинирање на работата на Жак Хајм, кој два месеци претходно го претставил „Атом“ кој го рекламирал како најмалиот костим за капење во светот. Во тоа време не можел да најде модел кој ќе сака да му ја носи креацијата, па на крајот морал да ја најми разголената танчарка Мишелин Бернардини од клубот Casino de Paris.

Author/Source
А.С.
Content appears in Metro
On
Viewing all 63056 articles
Browse latest View live


<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>