Quantcast
Channel: Кајгана
Viewing all 63056 articles
Browse latest View live

Пет знаци дека вие сте главниот виновник за проблемите во врската

$
0
0

Секогаш е полесно да го вперите прстот во другите и да ја префрлите вината на партнерот кога станува збор за врските.

Од друга страна, многу потешко е да признаеме, макар и себе си, дека оној кој погрешил сме самите ние. Ако се прашувате зошто имате низа неуспешни врски, можеби треба да го насочите прстот кон себе и да се преиспитате какво е вашето однесување во врска.

Наместо за сите неуспеси, расправии и на крај, раскинувања, да ги обвинувате партнерите, бидете искрени со себе и видете дали можеби виновникот сте вие.

Ако искрено направите анализа на своето однесување може многу да си помогнете за својот љубовен живот.

Не сте задоволни од себе си

Кога некој не се чувствува добро во својата кожа, тоа негативно се одразува на сите аспекти на нивниот живот, вклучувајќи ја љубовната врска.

„Сѐ е поврзано и тешко е веројатно дека ќе бидете среќни во врската ако не сте задоволни со самите себе“, тврди Сет Мејерс, автор на книгата „Overcoming Relationship Syndrome and Find the Love You Deserve“, кој советува дека ако сакате да си го подобрите љубовниот живот, пред сѐ мора да поработите на својата самодоверба.

Одбегнувате сериозни разговори

Ниту еден проблем што го имате во врската нема да се реши сам од себе и треба да разговарате со партнерот за да се обидете заеднички да дојдете до решенија. Дури и ако разговорот премине во расправија, тоа е подобро од молчење и ставање на проблемите „под тепих“, што не води до потенцијално решение.

Бурно реагирате кога сте навредени

Секогаш кога партнерот ќе каже или направи нешто што ве повредува или навредува, вие правите сцена и во истиот момент врз него ги истурате сите проблеми во врската.

Лорен Стајнберг, психолог од Њујорк, советува да се обидете да не ги гледате нештата еднострано.

„Пред да изреагирате, обидете се да застанете за миг и да размислите за неговите намери. Ако станува збор за непромисленост, а не за намера да ве повреди или навреди, разговарајте наместо веднаш да осудувате и да враќате ‘мило за драго’“, вели таа.

Ако сепак процените дека партнерот намерно кажал или направил нешто со цел да ве повреди или навреди, проблемот не е во вас и треба да застанете во своја одбрана.

Не знаете да признаете кога не сте во право

Ако не знаете да ја преземете одговорноста за своите грешки и секогаш го обвинувате другиот, тоа е лош знак.

Пред да го вперите прстот и да почнете да напаѓате, преслушајте се дали можеби заклучоците ви се изведени од погрешни впечатоци и недоразбирање. Ако свесно сте згрешиле нешто и не сакате да признаете, тоа е знак на незрелост и не сте фер кон партнерот.

Ги чувате мислите и чувствата во себе

Ако не ги споделувате со партнерот мислите што ве мачат или чувствата што ве обземаат, вие не го исполнувате својот дел од партнерството. Ако не се чувствувате удобно да го направите тоа, а го барате од него, не сте фер. Обично своите стравови и несигурности ги проектираме на другиот за да се чувствуваме подобро во врска со себе си, но тоа не води никаде.

Не си правете сами саботажа на врската што може да има потенцијал да биде љубовта на вашиот живот.


Османи: „Бомбите“ не се работа на ДУИ, туку на институциите

$
0
0

Скопје, 1 јуни 2019 (МИА) – Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој воедно е и портпарол на ДУИ, денеска изјави дека прашањето за објавените прислушувани телефонски разговори во кои наводно се слушаат гласови на високи членови на партијата, треба да го разгледуваат институциите кои треба да ја гарантираат приватната комуникација.

Османи рече дека во ДУИ ова прашање не било разговарано и дека нема да коментираат приватни разговори.

-Во ДУИ ова прашање воопшто не е разгледано, ниту во никаква форма анализирано, бидејќи сметаме дека не е прашање што треба партијата да го разгледа, ниту не засега. Тоа е прашање на институциите којшто треба да ја гарантираат приватната комуникација и тоа институциите треба да го сторат. Апсолутно немаме никаква вознемиреност во тој дел ниту нешто посебно правиме, бидејќи тоа не е надлежност ниту на ДУИ, ниту на другите политички партии. Тоа е прашање на институциите. ДУИ била предмет на специјални војни од кога постои, но од сите предизвици излегла секогаш посилна, рече Османи, одговарајќи на новинарско прашања, по настанот на кој го означи почетокот на кампањата „Заедно кон ѕвездите“.

Во однос на најавените министерски смени од страна на премиерот Зоран Заев, тој рече дека има комуникација меѓу Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети, како што кажа, за зајакнување на капацитетите на Владата во делот на економијата.

– Метлата не е принцип којшто ДУИ го користи, но да претседателот на ДУИ Али Ахмети и претседателчот Заев разговараат за зајакнување на капацитеите на Владата во пресрет на отворањето на новото поглавје во фокус на Владата, а тоа е економијата, рече Османи.

Исто така имало разговори за да се надминат недозразбирањата што произлегоа по назначувањето на Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање од страна на претседателот Стево Пендаровски.

– Има комуникација да најдеме решение за ова прашање, рече Османи.

Три експлозии во руска фабрика за ТНТ, најмалку 19 повредени

$
0
0

Најмалку 19 луѓе се поведени во три експлозии во фабрика за ТНТ експлозив во Дзержинск, областа Нижни Новгород во централна Русија, соопшти локалната власт.

На социјалните мрежи се појавија видеоснимки на кои се гледа како над фабриката „Кристал“ се крева огромен облак чад во форма на печурка.

Според портпаролот на итните служби, експлозиите се случиле поради дефект во технолошкиот процес и сѐ уште постои ризик од дополнителни експлозии.

По експлозиите, во фабриката избувнал и пожар на површина од стотина квадратни метри.

Фабриката за ТНТ експлозиви „Кристал“ е основана во 1953 година и е дел од државната корпорација „Russian Technologies“.

Меси искрен за најголемиот ривал: Ми недостига Роналдо

$
0
0

Девет години ривалството меѓу суперѕвездата на Баселона Лионел Меси и поранешниот ас на Реал Мадрид Кристијано Роналдо беше една од најжестоко дискутираните теми во фудбалскиот свет и секогаш се обновуваше дилемата кој од нив двајцата е „вистинскиот“ број еден.

Во интервју за Fox Sports, капитенот на Барса Лионел Меси даде шокантна исповед што сигурно ќе ги потресе фановите на социјалните мрежи: му недостига присуството на Роналдо во Ла Лига.

Меси објасни дека веќе предупредил дека Реал Мадрид ќе го почувствува отсуството на Роналдо откако тој направи трансфер во италијански Јувентус лани летото, бидејќи имал огромен придонес во успехот на „Кралскиот клуб“.

„Се разбира дека ми недостига Роналдо, тој го правеше Реал Мадрид посилен. Реков дека ќе го почувствуваат  заминувањето на Роналдо, нешто што ќе му се случеше на кој било тим. Некои луѓе се налутија, ама тоа е реалноста, човекот постигнуваше по 50 гола во сезона за нив и беше клучен фактор во нивниот успех. Недостига во Лигата“, рече искрено Меси.

Во изминатава деценија двајцата се издвоија како најдобрите фудбалери во светот, па нормално е дека развија природно ривалство. Иако Меси и претходно изјавувал дека нивната конкурентност е „здрава“ и добра за обожавателите, поранешниот соиграч на Роналдо од Манчестер Јунајтед Рајан Гигс, еднаш изјави дека Португалецот бил „опседнат со тоа да биде подобар“ од неговиот аргентински ривал.

Земјотрес во близина на Битола, се тресе и југоисточна Албанија

$
0
0

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар регистрираше земјотрес со јачина од 4,8 степени по Рихтеровата скала на 73 километри северозападно од Битола, што беше еден од низата земјотреси забележани во регионот.

Серија земјотреси, од кои еден со јачина од 5,3 степени, беа регистрирни утрово во југоисточниот дел на Албанија. Повредени се пет лица при рушење на една куќа, соопшти албанското Министерство за одбрана.

Албанските медиуми објавија дека за два часа се регистрирани шест земјотреси.

– Нема вонредна состојба во ниту една област од земјата, посочи Министерството за одбрана на Албанија.

Епицентарот на првиот земјотрес бил 15 километри југоисточно од градот Корча на длабочина од 14 километри, а по седум минути е регистриран уште еден на длабочина од 18 километри во областа која се граничи со Грција и Северна Македонија.

Нова серија на Netflix: Како се прави семеен бизнис со марихуана?

$
0
0

Откако ќе дознае дека Франција наскоро ќе ја легализира употребата на марихуана, младиот Жозеф решава да направи необичен сеемен бизнис: да ја трансформира месарницата на татко му во првото кафуле за марихуана во Франција.

Премиерата на новата француска комична ТВ-серија за Netflix е на 28 јуни.

Мажите од овој хороскопски знак се најтешки за заведување

$
0
0

Го познавате со месеци, се движите во исти кругови, правите сѐ да му го привлечете вниманието, но залудно е?

Ако ги исцрпивте сите други опции, дознајте кој знак е во хороскоп. Можеби ви звучи банално, но хороскопскиот знак ќе ви покаже дали сте си фатиле работа со маж кој најтешко се освојува.

Можеби користите погрешна „тактика“.

Станува збор за мажите родени во знакот на Стрелец. Нападниот пристап ги одбива Стрелците кои обожаваат да освојуваат и заведуваат.

Еден славен претставник на овој знак е холивудскиот актер Бред Пит кого милиони жени кои му се додворуваат не му значат ништо.

Стрелците се „палат“ на жени кои им се недостижни.

Ако почувствуваат дека девојката или жената не ги забележува, не им обрнува внимание, не им се смее на шегите, играта почнува и тој е подготвен да се предаде на играта.

Сега кога го знаете ова, применете го новиот метод – стрпливо игнорирање.

Дури и ако мажот Стрелец прв ви пријде, не му давајте до знаење дека ви се допаѓа. Оставете го да даде понуда неколку пати, нека се потруди.

Стрелците се страстни љубовници и верни кога се заљубени, но имаат авантуристички дух и бараат таква личност која ќе може да ги следи во чекор.

Фудбалерот Рејес загина во сообраќајка на 35 години

$
0
0

Поранешниот шпански репрезентативец Хозе Антонио Рејес загина во сообраќајна несреќа околу 12:40 часот на влезот на неговото родно гратче Утрера.

Веста ја објавија локални шпански медиуми, а подоцна ја потврдија и од клубот Севиља, чиј долгогодишен играч беше Рејес.

Сѐ уште не е позната причината за несреќата во која загина и братучедот на фудбалерот, Џонатан Рејес (23).

Триесет и петгодишниот Рејес го носеше дресот на Екстремадура, а во богатата кариера настапувал и за Севиља, Кордоба, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Еспањол, Арсенал и Бенфика.

За Шпанија има 21 натпревар и 4 гола, а на клупско ниво забележа 646 натпревари со 95 гола.

Веста одекна во фудбалските кругови од каде веќе стигнуваат пораки со сочувство и тага за смртта на Рејес.


Двајца работници загинаа при ископ на земја во Чаир

$
0
0

Скопје, 1 јуни 2019 (МИА) – Двајца работници починаа, а еден е пренесен во болница откако врз нив паднала земја при вршење на ископ на земјиште со багер на улицата „Кемал Сејфула“, спроти поликлиниката „Чаир“.

Полицијата соопшти дека настанот се случил денеска околу 11 часот при вршење на ископ на земјиште со багер за водоводна мрежа, при што дошло до лизгање на земјиштето и притоа во каналот од лизгањето затрупани се три лица кои работеле на ископот.

Две од затрупаните лица на возраст од 26 и 28 години починале на лице место, додека третото лице (54 години) со возило на Итната медицинска помош е пренесено во ГОБ „Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.

На местото на настанот испратени се екипи од итната медицинска помош и екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Смртта на починатите ја констатирале лекари од итната медицинска помош.

Известени се јавното обвинителство и трудов инспектор.

Skopje Classic Day: Олдтајмери и мотоцикли од шест држави

$
0
0

Над 50 олдтајмери и 30 класични мотоцикли постари од 35 години ќе бидат изложени денеска на меѓународата манифестација „Skopje Classic Day” што втора година по ред ја организира клубот „Gentleman’s Crew”.

Годинава, покрај домашните изложувачи, своето учество го имаат потврдено и колекционери од пет држави кои ќе се претстават со 25 олдтајмери. Ќе бидат присутни колекционери од Хрватска, Србија, Косово, Бугарија и Германија.

Изборот на најдобар автомобил и мотоцикл ќе го прави тричлено стручно жири, кое ќе ги оценува возилата поделени во класи. Претседател на жирито е професор Харалд Лешке, поранешен главен дизајнер на Mercedes-Benz и тим лидер во проектот на суперавтомобил Maybach Excelero.

Фото: Фросина Насковиќ / МИА

Skopje Classic Day: Олдтајмери и мотоцикли од шест држави

Олдтајмери

$
0
0

Фото: Фросина Насковиќ / МИА

Олдтајмери

Масовно апсење на собир на моторџискиот клуб Hells Angels

$
0
0

Триесет и четири лица се уапсени на собирот на илјадници моторџии по повод 50-годишнината на моторџискиот клуб Hells Angels во Велика Британија.

Апсењата беа изведени под сомнение за поседување и продавање дрога и поседување огнено оружје.

Со настанот Hells Angels Euro Run во Сасекс и Сари се одбележува формирањето на првиот огранок на калифорнискиот моторџиски клуб во Велика Британија.

Досега се поднесени обвиненија против 12 лица: петмина Германци, тројца Унгарци, еден Швајцарец, еден Французин, еден Чех и еден Грк.

Локалната полиција соопшти дека на терен се распоредени вонредни единици за одржување на ред и мир за време на собирот.

Трамп го одложи воведувањето санкции против Иран

$
0
0

Белата куќа го одложи воведувањето нови санкции за иранската нафтена и хемиска индустрија со цел намалување на тензијата која може да излезе од контрола, пишува The Wall Street Journal, цитирајќи извори запознаени со ситуацијата.

Одлуката за одложување на санкциите дојде по „заострената реторика“ меѓу Вашингтон и Техеран, по изјавата за можна вмешаност на Иран во инцидент со танкер на Саудиска Арабија во близина на Обединетите Арапски Емирати, наведува весникот.

На почетокот на мај, ОАЕ соопштија дека четири странски товарни бродови биле цел на диверзија во близина на територијалните води на земјата. Потоа, Саудиска Арабија објави дека се случил напад врз главниот нафтовод во кралството, во кој биле употребени и дронови.

Ријад и Вашингтон не исклучија вмешаност на Техеран во овие настани.

Иран во неколку наврати истакна дека нема никаква врска со инцидентот.

Секси варијанта на УФЦ: Женски борби во долна облека

$
0
0

Шампионатот на борби во секси долна облека е многу уникатна лига на ММА во која атрактивни жени се борат облечени само во скудна долна облека за публика во живо и на ТВ.

Лас Вегас беше домаќин на настанот во кој во борбите е дозволено удирање и борење, на нозе и на под, користејќи разни техники на борба.

Секси варијанта на УФЦ: Женски борби во долна облека

Финалето на ЛШ ќе почне со минута молчење во спомен на Рејес

$
0
0

Финалниот натпревар во Лигата на шампионите меѓу Тотенхем и Ливерпул ќе започне со минута молчење поради смртта на Хозе Антонио Рејес, кој почина денеска, објави прес-службата на УЕФА.

Шпанскиот фудбалер денеска загина во сообраќајна несреќа во близина на неговото родно место.

Рејес играше за Севиља, Реал, Арсенал, Атлетико, Бенфика, Еспањол и други клубови. Имаше и 22 настапи за репрезентацијата на Шпанија и четири постигнати гола.


Ракомет, фудбал или двете? Подгответе ги најдобрите мезиња за големата спортска вечер

$
0
0

Вечерва љубителите на спортот имаат два големи натпревари за следење.

Македонскиот ракометен тим Вардар денеска од 18 часот излегува против фаворитот Барселона во полуфиналето на „Фајнал Фор“ турнирот кој се игра во Келн, додека од 21 часот на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид тимовите на Тотенхем и Ливерпул излегуваат еден против друг во најважниот натпревар сезонава – финалето во Лигата на шампиони.

За вистинско уживање со вашите пријатели, подгответе мезиња и закуска што ќе ви дадат енергија за бурното навивање:

Пет лоши навики поради кои постојано сте уморни

$
0
0

Уморот најчесто се должи на физичка и психичка исцрпеност предизвикана од напорна работа, но ако постојано сте уморни, без разлика на напорот во текот на денот, проблемот лежи на друго место.

Со осум часа работа во денот треба да имате доволно време да се наспиете и одморите и да може да се посветите и на приватните обврски и задоволства.

Но, ако чувството на умор не поминува, треба да ги преиспитате вашите навики и да видите каде грешите. Ако ги препознаете овие пет лоши навики кај себе, веднаш преземете нешто да ги смените и почнете да живеете подобро.

Нездрав и недоволен сон

За да бидете одморени и да му дадете шанса на телото да се регенерира потребни ви се осум часа непрекинат ноќен сон. Од спалната соба исфрлете ги сите гаџети и технолошки уреди (смартфон, таблет, лаптоп, телевизор) и оставете само будилник. Потрудете се да си легнувате и да станувате во исто време секој ден, за да поставите редовен ритам на спиење.

Не пиете доволно течности

Ако организмот е дехидриран, паѓа нивото на енергија. Не посегнувајте по кафе и храна секогаш кога ќе почне да ви паѓа концентрацијата, напијте се чаша вода и почекајте да се освежи вашето тело. Пијте најмалку 2 литри течности во текот на денот и одбегнувајте газирани и пијалаци со голема содржина на шеќери.

Нездрава исхрана

На вашето тело му е потребно „гориво“ за да може правилно да функционира. Внесете повеќе свежо овошје и зеленчук во исхраната, како и доволно протеини за енергија. Намалете го внесувањето на брза храна и тестенини и веднаш ќе ја забележите разликата.

Премногу шеќери

Ова се надоврзува на претходното. Храната богата со шеќер само привремено ви го подигнува нивото на енергија, но набрзо паѓа на толку ниско ниво што сте речиси неспособни да работите.

Стрес

Постојаното чувство на умор многу често е поврзано со стресот што го трпите секојдневно. Лоша навика е да го игнорирате стресот и да очекувате дека изворите на стрес и неговите последици ќе исчезнат сами од себе.

Обидете се да одвоите време за физичка активност, барем прошетка од 30-тина минути. Исклучете го мобилниот телефон и одморете од сѐ и од сите. Обидете се да медитирате, но најважно од сѐ, не си земајте сѐ при срце. Одберете ги „битките што ќе ги водите“, односно кои работи се важни за да потрошите нерви, време и енергија на нив.

Ѓоковиќ помина, Осака елиминирана во третото коло на Ролан Гарос

$
0
0

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Италијанецот Салваторе Карузо во третото коло на Грен слемот Ролан Гарос.

Во меч кој траеше нешто повеќе од два часа Србинот беше поуспешен во три сета: 6:3, 6:3 и 6:2.

Во 1/8 финалето Ѓоковиќ ќе игра со победникот од дуелот Јан-Ленард Штруф (Германија) – Борна Чориќ (Хрватска).

За разлика од првиот светски рекет во машка конкуренција, најдобрата на ВТА ранг листата Наоми Осака ги заврши настапите во Париз веќе во третото коло. Јапонката денеска загуби од чешката тенисерка Катерина Синјакова во два сета со 4:6 и 2:6 во меч што траеше еден час и 19 минути.

За да се пласира во четвртфиналето, Синјакова ќе игра со победничката од мечот Ана Блинкова – Медисон Киз.

Вкупниот награден фонд на Ролан Гарос е 42,6 милиони евра.

Заев: Најава за инвестиции од Обединетите Арапски Емирати

$
0
0

Скопје, 1 јуни 2019 (МИА) – Шеикот Нахјан Бин Мубарак Ал Нахјан, министер за култура, млади и социјален развој на Обединетите Арапски Емирати, најавил инвестиции во државава, објави премиерот Зоран Заев, кој му бил специјален гостин на ифтарската вечера на шеикот.

– Ми беше чест и задоволство да бидам специјален гостин на ифтарската вечера на шеикот Нахјан Бин Мубарак Ал Нахјан, министер за култура, млади и социјален развој на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).  Шеикот најави инвестиции на ОАЕ во Северна Македонија, а јас во име на Владата искажав подготвеност за темелна соработка, потенцирајќи ги уште еднаш клучните вредности на нашата земја, како што се одличната географска положба, економската флексибилност за инвестиции, работливиот народ и мозаикот од култури и заедници кои живеат кај нас, наведе во објавата премиерот.

Со поддршка на шеикот се остварени работни средби со повеќе компании од Дубаи и Абу Даби со кои, како што вели, отворивме можности за економски инвестиции во нашата земја.

За време на посетата Заев го придружувале министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски.

Ливерпул ги помина Баерн и Барселона по број на титули во ЛШ

$
0
0

Ливерпул го победи Тотенхем вчера во Мадрид со 2:0 и го освои трофејот во фудбалската Лига на шампиони. За „црвените“ од Енфилд ова е шести трофеј во елитната лига.

Во минатото, Ливерпул го освои најважниот трофеј од клупскиот фудбал во Европа во 1977, 1978, 1981, 1984 и 2005 година.

По вечерашниот триумф, Ливерпул ги остави зад себе на пет трофеи Барселона и Баерн Минхен.

Убедливо најтрофеен клуб во историјата на најсилното континентално фудбалско натпреварување е Реал Мадрид со 13 шампионски наслови.

Viewing all 63056 articles
Browse latest View live


<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>