Quantcast
Channel: Кајгана
Viewing all 63056 articles
Browse latest View live

Жестоки соларни бури ѝ се закануваат на Земјата

$
0
0

Жестока бура на Сонцето би можела на Земјата да оштети системи за комуникација и да предизвика огромна економска штета, предупредуваат научниците. Зошто соларните бури претставуваат толкава закана?

Во 1972 година десетина морски мини необјасниво експлодираа недалеку од виетнамскиот брег.

Неодамна е потврдено дека причина за експлозиите биле соларни бури што можат значително да го нарушат магнетното поле на Земјата.

Денес таква бура би имала уште посериозни последици – таа би ѝ пречела на технологијата на која се потпираме, од сателити до мрежата далноводи. Се проценува дека штетата само врз британската економија би била 16 милијарди фунти.

Постојат причини зошто настани што се случуваат милијарди километри од Земјата имаат влијание врз нас.

Што ги предизвикува екстремните соларни бури?

Сонцето е ѕвезда, маса наелектризиран водород што врие. Како што се движи таа течност, создава енергија внатре во сложеното магнетно поле.

Таа магнетна енергија се ослободува преку интензивни блесоци светлост познати како соларни факели и преку силни ерупции на магнетните полиња познати како коронални експлозии или соларни бури.

Додека факелите можат да ја нарушат радиокомуникацијата на Земјата, соларните бури претставуваат најголема опасност.

Овие бури енергетски се еднакви на целиот светски нуклеарен арсенал зголемен 100.000 пати, но се шират низ непрегледната вселена.

Сонцето се врти како огромен заротиран огномет, праќајќи ги ерупциите во вселената во сите насоки.

Ако некоја од нив се упати кон нашата планета со магнетно поле спротивно од магнетното поле на Земјата – полињата се мешаат. Кога соларната бура ќе помине, дел од магнетното поле на Земјата останува искривен во вид на долга опашка.

Тоа искривено магнетно поле се враќа на место забрзано повлекувајќи наелектризирани честички кон Земјата. Тие удираат во повеќе слоеви на атмосферата, се загреваат и произведуваат светлосен спектакл познат како северна и јужна поларна светлост.

Искривеното магнетно поле на Земјата, меѓутоа, има и други значајни последици.

Се смета дека тоа ги активирало морските мини во 1972 година. Мините се конструирани да детектираат мали варијации во магнетното поле што ги создаваат металните палуби на бродовите додека им приоѓаат. Но инженерите кои ги осмислиле не предвиделе дека соларната активност ќе има ист таков ефект.

Кога повторно ќе се случи екстремна бура?

Научниците се обидуваат да утврдат што ги придвижува тие огромни ерупции, како и да откријат како да ги следат низ меѓупланетарниот простор.

Податоците за магнетното поле на Земјата што се собираат од средината на деветнаесеттиот век покажуваат дека екстремните бури во вселената се случуваат приближно еднаш во сто години, иако помали бури се случуваат почесто.

Во 1859 година поради Карингтон – досега најекстремната забележана соларна бура – телеграфскиот систем искрел, додека северната поларна светлост се видела дури и јужно до Бахамите.

Следниот пат кога ќе се случи тоа, последиците можат да бидат многу посериозни.

Сè повеќе зависиме од технологија – сателитите се клучни за глобалната комуникација и навигација, авионите ги поврзуваат континентите, а распространетите мрежи далноводи го сечат целиот свет.

Последиците од екстремни соларни настани би можеле жестоко да влијаат врз сето тоа.

Енергетските честички би можеле да ги спржат минијатурните електронски делови на вселенските летала и авиони, додека на Земјата мрежите далноводи би ги преплавиле непотребни прекумерни електрични струи.

Предупредување

Веќе доволно сателити и далноводи страдаа поради соларните бури за да стане јасно дека Сонцето мора подетално да се следи за да се предвиди кога соларните бури ќе влијаат на Земјата.

Метеоролозите низ светот работат на тоа, од Метеоролошката служба во Велика Британија до Метеоролошкиот завод на Австралија и Центарот за предвидување време во САД.

Кога сè е како што треба, тие се во состојба да забележат дека бура доаѓа кон Земјата шест часа пред да стигне до нашата планета. Тоа ни остава релативно малку време да се подготвиме, но прогнозите на британската економија би ѝ сочувале меѓу 16 и 3 милијарди фунти.

Временските услови во вселената сега се наведени во Британскиот национален регистар на ризици покрај нам познатите ризици, како што се пандемијата на грип и катастрофалните поплави. Нивото на ризик е еднакво на ризикот од екстремни жешки бранови или избувнување нова инфективна болест.

Државните агенции сега проверуваат дали електраните, вселенските агенции и авиоагенциите имаат подготвено планови за ублажување удари од екстремни соларни бури.

На пример, од клучно значење е да се обезбеди доволно електрична енергија за чување продукти и лекови, како и доволна количина вода и гориво.

Во случај на губење врска со сателитите, системите како што се сателитската навигација и сателитската телевизија би престанале да работат.

Експертите кои работат на изработка на вселенски летала ги проучуваат соларните бури со цел леталата да ги направат поотпорни, да вградат безбедносни системи и да ја заштитат чувствителната електронска опрема.

Прецизни прогнози за времето во вселената на персоналот би му овозможиле дополнително да ја заштити опремата со тоа што навреме би ги информирале за бурите.

Голем број авиони го прелетуваат Северниот Пол на пат меѓу Европа и Северна Америка. За време на соларните бури, пилотите ги менуваат трасите на авионите за да се засолнат од поларното небо, каде што најголем број енергетски честици продираат во Земјината атмосфера.

Тоа го прават за да ја намалат изложеноста на зголемени дози радијација и да обезбедат сигурна радиокомуникација.

Од настаните во 1972 година научивме многу за временските услови во вселената, но како што напредуваат модерните технологии, така мораме да обезбедиме да бидат во состојба да го претрпат она најлошото што може да ни дојде од Сонцето.


Како Ливерпул ја славеше титулата во ЛШ?

Која е девојката која истрча на терен во финалето на ЛШ?

$
0
0

Згодната русокоса која вчера истрча на терен за време на финалниот натпревар од ЛШ меѓу Ливерпул и Тотенхем преку ноќ стана ѕвезда.

Уште во текот на натпреварот нејзиниот број на следбеници на Instagram почна вртоглаво да расте, а преку ноќ скокна од 300.000 на 1,7 милиони. Бројката продолжува да расте.

Станува збор за моделот Кинси Волански, девојка на познатата YouTube ѕвезда Виталиј Здоровецки, Русинот кој истрча на теренот додека Германија играше со Аргентина во финалето на Светското првенство во Рио де Жанеиро во 2014 година.

Убавата Кинси го искористи моментот на теренот да го испромовира YouTube каналот на нејзиниот дечко, облечена во едноделен костим за капење на кој пишуваше: Vitaly Uncensored.

Откако таа истрча на теренот, Виталиј објави нејзина фотографија на Twitter со коментар: „Одвај чекам да се оженам за тебе“.

Кинси објави видео од нејзиниот „подвиг“ на Instagram со коментар: „Животот го имаме за да живееме. Правете откачени работи на кои ќе се сеќавате засекогаш.“

Дибиров: Не се сеќавам на последните 10 минути

$
0
0

Ракометарите на Вардар по втор пат во својата историја ќе играат во финалето на Лигата на шампионите. Вардарци вчеравечер во Келн ја победија Барселона со 29:27.

До големиот подвиг Вардар дојде по подобра игра во второто полувреме кое го доби со 20:11. Ретко кој очекуваше дека по водството на Каталонците на полувремото со седум голови разлика (16:9), дека македонскиот тим може да се врати, но така не мислеа избраниците на Роберто Парондо.

Тие со неверојатен пресврт им приредија голема радост на своите навивачи во арената во Келн и воопшто секаде низ светот.

Играчите на Вардар беа неверување во последните 10-тина минути по спектакуларниот пресврт во арената Lanxess.

И најискусниот меѓу нив, Тимур Дибиров, одвај најде зборови да каже како се чувствува, како ја доживеа завршницата.

„Не се сеќавам на последните 5,10 минути, знам само дека беше минус седум“.

Противник на македонскиот шампион денеска во финалето ќе биде Веспрем.

Целосната изјава на Дибиров за Balkan Handball погледнете ја ТУКА.

Се запали српски патнички автобус на Табановце

$
0
0

На 01.06.2019 во 15,45 часот на Граничен премин „Табановце“ на излез од Република Северна Македонија настанал пожар на автобус со српски национална ознака, сопственост на агенција од Нови Сад, а управуван од српскиот државјанин В.З. (47) од Нови Сад.

Веднаш по настанување на пожарот патниците неповредени го напуштиле автобусот.

Во 16,05 часот, од екипа од Територијалната противпожарна заштита Куманово пожарот бил целосно изгаснат.

Увид на лице место е извршен од екипа од СВР Куманово.

Стојанче Стоилов: Почна како лош филм, а потоа – Холивуд!

$
0
0

Синоќа во арената Lanxess Вардар направи неверојатен пресврт и ја победи Барселона со 29:27 пласирајќи се во финалето на ЛШ.

Видно возбуден, капитенот Стојанче Стоилов даде изјава за Balkan Handball, почнувајќи со пофалба за соиграчите:

„Ова го кажувам цела година и години наназад: тимот има карактер и мислам дека тоа е основа на сѐ што правиме тука.“

Остатокот од изјавата, за драматичниот пресврт и очекувањата на Стоилов, погледнете го ТУКА.

Како се дрифта Ferrari од милион долари со 1.000 коњски сили?

$
0
0

Еден сопственик на скапоцено Ferrari покажа дека има и фраери кои знаат да ги возат своите болиди.

Не станува збор за кое било Ferrari, туку баш LaFerrari во Aperta издание што е ограничено на околу 200 примероци.

Хибридниот погон во кој се комбинирани моќен V12 и електромотор дава неверојатни 963 коњски сили.

Сте помислиле некогаш како е да дрифате ваква „ѕверка“ вредна 1 милион евра?

Сопственикот, познат како powerslidelover, кој во гаражата има и други „егзотични ѕверки“, покажа како се ужива во ваков автомобил, во друштво со Porsche Carrerа GT и Singer 911.

Уште едно видео од оваа авантура може да погледнете ТУКА.

Путин ги смени имињата на 40 аеродроми во Русија

$
0
0

Рускиот претседател Владимир Пуитин донесе декрет со кој се предвидува промена на имињата на десетици аеродроми во земјата, од Владивосток на исток до Мурманск на запад.

Околу 40 аеродроми добиваат имиња на руските цареви, писатели и пионери на авијацијата и истражувачи на универзумот.

Путин го донесе декретот врз основа на резултатите од онлајн анкета спроведена меѓу жителите, во која им беше овозможено да предлагаат нови имиња за аеродромите.

Така, аеродромот „Шереметјево“ во Москва ќе се преименува во „Александар Пушкин“.

Вториот голем московски аеродром „Домодедово“ ќе се вика „Михаил Ломоносов московски меѓународен аеродром“, додека воздушното пристаниште „Внуково“ ќе се преименува во „Андреј Тупољев московски меѓународен аеродром“.

Аеродромот во Мурманск ќе се вика „Николај Втори меѓународен аеродром во Мурманс“, наместо „Аеродром Мурмаши“, по името на селото во близина.


Аутсајдерот Руиз го порази Џошуа и му ги зеде сите титули

$
0
0
ШОК ВО БОКСЕРСКИОТ СВЕТ

Енди Руиз Џуниор синоќа го шокираше светот откако како предизвикувач убедливо го порази унифицираниот шампион во тешка категорија Ентони Џошуа.

Дуелот траеше седум рунди, а Руиз победи со технички нокаут, откако претходно му зададе четири нокдауни на Британецот Џошуа, кој не се прослави во својот прв настап во САД, каде го претрпе и својот прв пораз во кариерата.

Актуелниот шампион Руиз, кого пред мечот сите го сметаа за аутсајдер, во дуелот влезе како замена на Џарел Милер, кој испадна позитивен на допинг тестот.

Со оваа победа Руиз јуниор стана сопственик на титулите на ИБФ, ВБА и ВБО.

На социјалните мрежи веднаш се појави фотомонтажа од моментот на победата на Руиз и една слична историска победа на големиот Мухамед Али.

Нејмар обвинет за силување

$
0
0

Бразилецот Нејмар го чека обвинение во неговата родна земја, откако една жена во градот Санто Амаро пријавила дека на 15 мај во Париз била силувана од славниот фудбалер.

Претставниците на фудбалерот на ПСЖ преку неговата официјална страница целосно ги негираа сите обвинувања.

„Иако беше изненаден, фактите му биле познати на играчот, бидејќи пред неколку дена беше жртва на уцена од страна на адвокат кој изјавил дека ги претставува интересите на наводната жртва. Сите докази за неговата невиност ќе ѝ бидат доставени на полицијата“, пишува на страницата.

Таткото на Нејмар, кој воедно е и негов менаџер, изјави дека што побргу треба да се открие вистината за да не му наштети на неговиот син, а ако треба ќе ги објават и разменетите пораки на WhatsApp.

Токму тоа подоцна и го стори најскапиот фудбалер на светот, кој за да се одбрани од обвинувањата за силување ги објави приватните пораки кои ги разменил со наводната жртва.

Меѓу пораките кои ги објави Нејмар има и фотографии во долна облека кои му биле испратени од жената која сега го обвинува за силување.

Железничка линија Скопје-Солун-Скопје од 15 јуни

$
0
0

Железници на РСМ Транспорт информираат дека од 15-ти месецов се воведува тарифска понуда City Star за повратно патување на релација Скопје-Солун-Скопје.

Во објавата на веб страницата на железничкото претпријатие е наведено дека цена на чинење на возниот билетот е во зависност од бројот на групата патници кои патуваат заедно, но најмногу пет возрасни лица и едно дете.

Билетите може да се извадат на патничка благајна во станица Скопје и на патничка благајна во станица Солун.

Ако групата ја сочинуваат пет возрасни патници, билетот за еден патник ќе изнесува 13,5 евра или 836 денари. Во случај кога групата ја сочинуваат пет возрасни патници и едно дете, билетот за еден патник ќе изнесува 12,20 евра или 756 денари, информираат од МЖ Транспорт.

Еден живот, една љубов!

Како изгледаше победата: Последните минути од триумфот на Вардар

$
0
0

Ракометарите на Вардар синоќа во Келн извојуваа сензационална победа над Барселона и се пласираа во финалето на Лигата на шампиони.

До големиот подвиг Вардар дојде по подобра игра во второто полувреме кое го доби со 20:11. Ретко кој очекуваше дека по водството на Каталонците на полувремото со седум голови разлика (16:9), дека македонскиот тим може да се врати, но така не мислеа избраниците на Роберто Парондо. Тие со неверојатен пресврт им приредија голема радост на своите навивачи во арената во Келн и воопшто секаде низ светот.

Да се потсетиме на последните минути од трумфот на Вардар пред вечерашното финале.

Кривични пријави за десет лица кои со фалсификувани документи подигале кредити

$
0
0

Скопје, 2 јуни 2019 (МИА) – Полицијата поднесе четири кривични пријави за десет лица осомничени за фалсификување документи за добивање потрошувачки кредит, со што ја оштетиле филијалата на Комерцијална банка ад Скопје. За седум лица е определен притвор, а за тројца мерки на претпазливост.

За пет лица: Г.П (50), Д.С. (37),М.Л. (28) К.К. (26), М.Т(31) се поднесени пријави поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „Измама“, предвидено и казниво по член 247 ст 4 вв ст 1 од КЗ на РСМ , а за за другите пет лица М.М (32), Б.Х (37) , М.Т. (22), Ј.З(40) ,А.Т(33) поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „Помагање“ по член 24 од КЗ на РСМ, а во врска со член 247 ст 4 вв ст 1.

– Првопријавените во текот на месец мај годинава со намера за себе да прибават противправна имотна корист, со помош на петте второпријавени лица помагатели обезбедиле лажна – фалсификувана документација за докажување на правно релевантни факти и истата ја употребиле како вистинска во постапка за апликација за готовински ненаменски потрошувачки кредит во Комерцијална банка АД Скопје – филијала Прилеп. За четворица од апликантите, врз основа на лажната и фалсификувана документација за имотна состојба биле одобрени и исплатени бараните парични средства по основ на кредит, во вкупен износ од приближно 4.400.000 денари, за еден од апликантите исто врз основа на лажна и фалсификувана документација бил одобрен кредитот но апликантот не стигнал да ги подигне средствата, додека за останатите била запрена обработката на апликациите, бидејќи овластени службеници од банката се посомневале во веродостојноста на приложената документација, соопшти Министерството за внатрешни работи.

За пријавените М.М (32), Б.Х (37), М.Т. (22),Ј.З(40), А.Т(33) за „помагање“ во извршување на кривичните дела од страна на петте пријавени лица, стои во соопштението, освен што со умисла им помагале на пријавените лица во извршувањето на делата, постојат основи на сомневање дека подолг временски период обезбедувале лажна – фалсификувана документација потребна за апликација за добивање на кредит во истата банка.

Сите пријавени лица се изведени пред судија на претходна постапка при Основен суд Прилеп, при што, врз основа на предлог на Основното јавно обвинителство Прилеп, од страна на Судија на претходна постапка се изречени вкупно 10 мерки на обезбедување и тоа за 7 лица мерка „Притвор“ во времетраење од 30 дена а за 3 лица мерка „Претпазливост“.

Крузер изгуби контрола и удри во туристички брод во Венеција

$
0
0

Четири лица се полесно повредени денеска при судар на крузер и туристички брод во Венеција, јавија италијанските медиуми.

Агенцијата Анса објави дека две лица се префрлени во болница.

Крузерот MSC Opera изгубил контрола и удрил во туристичкиот брод, а потоа и во ѕидот на каналот Џудека, што предизвика паника меѓу туристите.

Противпожарната служба на Twitter соопшти дека ситуацијата е под контрола.

Уште не се знае причината зошто крузерот се движел без контрола.


Покетино: Сомнителниот пенал беше клучен

$
0
0

Тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, се огласи по поразот на неговиот тим во финалето на Лигата на шампионите од Ливерпул, нагласувајќи дека клучен момент во натпреварот беше досудениот пенал против „петлите“.

Покетино на прес-конференција одржана во мадрискиот стадион „Ванда Метрополитано“ изјави дека клучниот момент се случи во првите 20 секунди со сомнителниот пенал, кој негативно влијаел на играта на Тотенхем.

„Цел свет виде што се случи. Каков било план што сме го увежбале последнивте три недели отпадна по пеналот во 20. секунда. Никој не го очекуваше тоа, а последицата беше многу негативна за играчите“, изјави аргентинскиот стручњак.

Маурисио го коментираше и пеналот, велејќи дека не знае дали тоа беше пенал, дека неговиот играч не одел кон топката со рака и дека тоа е одлука на судијата, која ја нарече „несреќа“ која психолошки е тешко да се прифати.

Ливерпул поведе со 1:0 благодарение на пеналот во 24. секунда кога топката го погоди во рака бекот Сисоко, а непогрешлив од белата точка беше Салах.

Мекгрегор сака да се врати во боксерскиот ринг

$
0
0

Конор Мекгрегор сака да му се врати на боксот, а за ваквата желба инспирација му беше синоќешниот спектакл во Медисон Сквер Гарден во кој предизвикувачот Енди Руиз го порази сега веќе поранешниот шампион Ентони Џошуа.

Ирскиот ММА  борач испрати честитки до новиот шампион, а изрази и пофални зборови за мексиканските борачи, со кои имал можност да се соочи во рингот.

„Од прва рака знам колку цврста брада имаат Мексиканците. Се креваат од подот како во некаков трилер. Со нив никогаш не е готово додека не биде готово“, напиша Мекгрегор.

Но, Ирецот не застана тука, тој рече дека по овој дуел посакал да се врати на рингот, дури и го предизвикал Флојд Мејветер на реванш, со кого се соочил на боксерски меч во 2017 година. Конор тогаш го изгуби мечот, но од тој меч заработи најмногу во неговата кариера.

Објавени детали за несреќата на Рејес: Летал со 200 км/ч

$
0
0

Фудбалерот Хозе Антонио Рејес вчера загина во сообраќајна несреќа на патот меѓу Севилја и Утрере, неговиот роден град.

Несреќата се случила нешто пред пладне на автопатот, откако Рејес (35) излетал од патот, при што автомобилот се превртел и се запалил.

Шпански AS објави дека Рејес со неговиот Mercedes Brabus s550 „летал“ со околу 200 километри на час, а откако излетал од патот удрил во неколку бетонски блокови пред да се преврти на кров и потоа се запалил.

Фудбалерот се враќал од тренинг со двајца братучеди – 23-годишниот Џонатан Рејес кој исто така почина на самото место и Хуан Мануел Калдерон кој со сериозни изгореници бил пренесен на интензивна нега каде подоцна им подлегнал на повредите.

Во Утрере се прогласени два дена на жалост, а сите знамиња ќе бидат на пола копје.

Рејес го носеше дресот на Екстремадура, а во богатата кариера настапувал и за Севиља, Кордоба, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Еспањол, Арсенал и Бенфика.

За Шпанија има 21 натпревар и 4 гола, а на клупско ниво забележа 646 натпревари со 95 гола.

Вчерашниот финален натпревар во ЛШ меѓу Ливерпул и Тотенхем почна со едноминутно молчење во негова чест што продолжи со едноминутен аплауз.

Иако фудбалскиот свет ја оплакува прераната смрт на фудбалерот, уште една шпанска фудбалска легенда се огласи со став дека Рејес не треба да биде славен како херој бидејќи загинал правејќи нешто неодговорно.

Легендарниот шпански голман Сантијаго Кањизарес на Twitter напиша:

„Возење со неприлагодена брзина е неодговорен став. Во несреќата има уште жртви покрај возачот. Рејес не заслужува да му се оддава почит како на херој. Тоа не значи дека не жалам за тоа што се случи и јас се молам за неговата душа.“

Четири причини зошто Вардар треба да биде шампион

$
0
0

Вечерва од 18 часот во Келн се игра финалето во Лигата на шампиони во кое нашиот ракометен шампион Вардар се соочува со тимот на Веспрем.

Жика Богдановиќ за Balkan Handball направи анализа со четири причини зошто Вардар треба биде шампион, откако синоќа сензационално ја победи Барселона со 29:27 во арената Lanxess.

Карактер

Неопипливо нешто, но јасно и видливо. „Карактер“, рече капитенот Стоилов. Карактер, повторуваме, а што е тоа најдобро знаат противниците. Страшниот македонско-херцеговинско-српско-руски микс е направен во таа соблекувална. Ги крши и нескршливите.

Позиција на „аутсајдер“

Поголем притисок секако има Веспрем. Клубот во кој се вложува повеќе од 30 години уште го чека највредниот пехар. Од друга страна, Вардар веќе има еден на полица, а кога ќе се земе предвид што се очекуваше од екипата на стартот на сезоната, притисокот е уште помал. Тоа може да бидат крилата за Парондо и неговите момци, смета Богдановиќ.

„Ѕверот“ Криштопанс-Милосављев

Даинис Криштопанс експлодира во вториот дел од сезоната. Со оглед на тоа дека остана единствен вистински шутер на бековската линија со Карачиќ и Скубе, Латвиецот сериозно ја сфати својата улога.

Дејан Милосављев е апсолутно откровение на сезоната, нагласува Богдановиќ. Дечкото кого никој не може да го „прочита“ го остави Варгас зад себе со пет одбрани во полуфиналето.

Нацијата „гори“

Ракометарите на Вардар имаат неверојатна поддршка. Македонија гори за ова финале. Ентузијазмот на целата земја ќе биде дополнителен ветер во грб за момците кои во 18 часот ќе излезат на терен, заклучува Богдановиќ.

Шекеринска: Го сработивме неопходното – внатрешни реформи во комбинација со регионални решенија

$
0
0

Скопје, 2 јуни 2019 (МИА) – Вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска на денешниот форум истакна дека после две години по формирањето Владата и нејзините членови и државата во целина успеале да ја одиграат улогата на „гејм ченџер“ не само во врска со нашата иднина туку и со правецот кој треба да тргне целиот наш регион. Пред само две години, додаде таа, граѓаните и политичарите не можеа да изговорат членство во НАТО.

– Денеска две години по формирањето на оваа Влада како држава можеме да кажеме дека направивме правилна и вистинска проценка и го сработивме тоа што беше неопходно – внатрешни реформи во комбинација со регионални решенија. Успеавме да станеме единствената држава во нашиот регион која нема ниту едно отворено прашање со своите соседи и тоа да го водиме паралелно со тешки, непопуларни, захтевни, понекогаш и скапи реформи, рече Шекеринска. Денеска, додаде таа, „сме држава со потпишан Протокол за пристапување кон Алијансата, де факто членка на Алијансата, а де уре членка се надеваме во период покус од една година“. Тоа, според неа, веднаш создаде позитивна инвестициска и економска клима. Потсети дека протоколот за НАТО е ратификуван во голем број земји членки на НАТО, дека следниот месец се најавени уште и оти нашиот стратешки партнер САД, како што кажа, тоа го најави за оваа есен.

Министерката за одбрана истакна дека точни проценки и вистински политики имало и во делот на одбраната.

-Во МО го рестартиравме процесот на одбранбени реформи. Од нула го почнавме и го финиширавме стратегискиот одбранбен преглед за нецела година, ја изработивме стратегијата за одбрана, а Владата веќе го усвои долгорочниот план за развој на одбраната заедно со план за модернизација на вооружените сили, стратешки документи кои доцнеле неколку години, рече Шекеринска.

Министерката се осврна на кадровските решенија, како и на зголемување на платите во Армијата, а од септември и за нив и за сите во МО платите ќе бидат зголемени за уште пет отсто. Организирани се четири регионално важни воени вежби, изработена временска рамка и точен патоказ за обезбедување на воздушниот простор како идна членка на НАТО…

-Денеска попладне во Скопје ќе пристигне комплетниот воено-политички врв на НАТО предводен од генералниот секретар на Алијансата, утре ќе имаме важни разговори за нас, за нашето членство, за нашата иднина. Тоа пред две години беше само илузија. За приближно две недели од сега еден од најсофистицираните одбранбени и воени капацитети на НАТО суперсоничниот Б – 52 воен авион ќе ја надлета нашата земја салутирајќи и на својата најнова членка. Тоа што сме одбрани да бидеме земја домаќин на една голема воена вежба како „Одлучен удар“ во која ќе учествуваат не само НАТО сили туку и сериозни НАТО капацитети зборува исто така каде бевме а каде сме денес, рече министерката за одбрана Шекеринска.

Viewing all 63056 articles
Browse latest View live


<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>