Quantcast
Channel: Кајгана
Viewing all 63056 articles
Browse latest View live

Возач на мопед тешко повреден во сообраќајка во Скопје

$
0
0

Околу 00:40 часот вчера е пријавено дека на крстосницата на бул. „К.Ј.Питу“ со ул.„Крушевска Република“ и ул.„Ѓуро Ѓаковиќ“ во Скопје се случила сообраќајна незгода.

Во сообраќајната несреќа, како што соопштуваат од МВР, учествувале патничко моторно возило „Хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.Д (47) и мопед „Пјаџо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од О.К (27). О.К. се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Ургентен центар Скопје.

Како што се наведува во соопштението, извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.


Астрономски календар за јуни: Јупитер е најголем и најдобро видлив

$
0
0

НАСА ви нуди детален водич како да го набљудувате јунското небо.

 

 

 

Македонски камионџија загина во сообраќајка во Хрватска

$
0
0

Еден македонски државјанин загинал во сообраќајна несреќа што се случила денеска во 12 часот и 35 минути на автопатот А3 во Хрватска, јавија локалните медиуми.

Според Index.hr, се судриле македонски камион и автобус од Босна и Херцеговина.

Сисачко-мославачката полиција соопштила дека во несреќата загинал возачот на камионот, кој бил македонски државјанин.

Во автобусот полесно се повредени 15-тина патници, од кои осуммина се пренесени во болница во Нова Градишка.

Хрватскиот автоклуб (ХАК) соопшти дека поради несреќата се вози по една коловозна лента што предизвикало формирање колона од неколку километри.

Во тек е увид на лице место.

Македонското МНР засега нема детали за несреќата.

Неверојатни трансформации со шминка и фризура

$
0
0

Сите сме убави во нашата посебност и понекогаш треба само да се потрудиме да го пронајдеме вистинскиот избор на фризура и моден стил за да ја покажеме најдобрата верзија на себе.

Шминката исто така помага, но само ако е нанесена со вкус и на начин што ни прилега.

Белорускиот стилист Јевгениј Жук е еден од најдобрите во овој бизнис и има успешна кариера во Москва. Неговиот сенс и вешти раце ги трансформираше овие жени во убавиците кои се криеја во нив.

Неверојатни трансформации со шминка и фризура

Стинг стигна во Скопје: Денес бидете сите Англичани, дојдете на концерт со кабаници и чадори

$
0
0

Светски познатата музичка ѕвезда Стинг веќе пристигна во Скопје за денешниот концерт на градскиот стадион „Тодор Проески“.

Организаторот Авалон соопшти дека планот за одржување на концертот останува ист – иако временските услови не се идеални, концертот сепак ќе се одржи  - „во англиски стил“.

Соопштението од Авалон Продукција ви го пренесуваме во целост:

„Задоволство ни е да Ве информираме дека Градски стадион е комплетно подготвен за вечерашниот спектакл.

Стинг веќе пристигна во Скопје и неговата екипа работи на монтирање на бинската опрема на импресивнaта бина. Се очекува на концертот да присуствуваат повеќе од 25.000 посетители од целиот регион.

Поради влезот на „Вардар“ во Финалето на Final four, веќе објавената сатница останува иста :

ВРАТИ: 19:00 часот

Влатко Стефановски трио: 20:30 - 21:30 часот

STING: 22:00- 00:00 часот

Бидејќи прогнозите се дека нѐ очекува дожд во текот на попладневните и вечерните часови, Ве молиме сите подготвени да го дочекаме дождот и доколку дојде, да го прифатиме како неминовен дел од овој вечерашен спектакл.“

Барселона го освои малото финале во Келн

$
0
0

Екипата на Барселона го освои третото место на „Фајнал фор“ турнирот на Лигата на шампионите во Келн, откако во дуел за бронзата го совлада Киелце со 40-35 (20-17) .

Во малото финале во арената Lanxess, Каталонците го контролираа натпреварот и ниту еднаш не го испуштија водството во резултатот.

Предводени од Талант Душебаев, Полјаците постојано бркаа негатива, која не успеваа да ја достигнат и да се вратат комплетно во мечот.

На девет минути пред крајот при резултат 30-33, Киелце имаа дури два играчи повеќе, но не успеаја да ја искористат дадената шанса за да ја направат неизвесна завршницата во мечот за третото место.

Најефикасен за Барселона беше Мем со осум гола, додека кај поразениот тим Морито реализираше десет.

Големото финале меѓу Вардар и Веспрем се игра од 18 часот.

Се вжештува атмосферата во Келн: Навивачите на Вардар сѐ погласни

$
0
0

Навивачите на Вардар во Келн прават одлична атмосфера пред почетокот на финалниот натпревар со Веспрем за титулата во Лигата на шампиони.

Balkan Handball ја пренесува атмосферата:

Вардар e европски шампион!

$
0
0

Ракометарите на Вардар во Келн го поразија Веспрем и ја освоија титулата во Лигата на шампиони 2019.

Екипата на Роберто Гарсија Парондо забележа победа во финалето на „Ф4“ во Келн против Веспрем со 27:24 (16:11).

Играчите на Вардар покажаа дека титула се освојува со срца, карактер и тимски дух.


Три хороскопски знаци во кои се раѓаат најуспешните луѓе

$
0
0

Можеби вашиот успех е запишан во ѕвездите, но едно е сигурно – ништо од тоа не би се остварило без напорна работа.

Сепак, припадниците на овие три хороскопски знаци се одликуваат со карактеристики на истрајни, упорни, трудољубиви, инвентивни и креативни луѓе кај кои успехот е речиси неизбежен.

Во овие три знаци се родени најбогатите и најуспешните луѓе на светот:

ЛАВ

На листата најбогати луѓе според Forbes, дури 14 се родени во знакот на Лавот. Лавовите важат за многу способни и упорни луѓе кои кога ќе видат потенцијал во нешто или некого, подготвени се да ризикуваат и тоа главно им носи високи позиции и солидни банкарски салда. Исто така напорно работат, имаат силна интуиција и се родени лидери.

ВАГА

На истата листа има 11 милијардери родени во знакот на Вага. Иако во животот првенствено тежнеат кон баланс, Вагите се подготвени да жртвуваат одреден сегмент од животот за да се посветат на работата и со тоа да си обезбедат себе си и на своето семејство стабилна иднина. Вагите се трудољубиви и не отстапуваат од целта што ја замислиле.

ВОДОЛИЈА

Водолиите се исклучително амбициозни и оптимистични. Во комбинација со нивната екцентричност и бестрашност, овие карактеристики ги прават исклучително успешни луѓе бидејќи тие не се колебаат да преземат ризици. Понекогаш ризиците не им се исплатат, но благодарение на нивната висока самодоверба, тие учат од грешките и брзо се креваат на нозе, а потоа и на висока нога. На листата на Forbes има 11 личности родени во знакот на Водолија.

Власта и опозицијата ги приближаа ставовите за буџетот и одговорноста на обвинителите

$
0
0

Скопје, 29 јули 2019 (МИА) – Претставници на власта и на опозицијата на денешните разговори за законот за Јавно обвинителство, со кој треба да се реши идниот статус на СЈО, ги приближаа ставовите во делот на зголемувањето на Буџетот на обвинителството, како и за изнаоѓање модуси за поголема одговорност на вработените и обвинителите.

Заменик министерот за правда Оливер Ристовски по средбата што се одржа во Владата изјави дека со опозицијата биле отворени темите за финансирање на Обвинителството воопшто и темата за одговорноста на обвинителите.

-Тука имаме приближување на ставовите, во делот на зголемувањето на Буџетот што би го имало Обвинителството во Република Северна Македонија. Значи да го зголемиме Буџетот на Обвинителството, како би добиле поголема самостојност како орган. Разговаравме и за изнаоѓање модуси за поголема одговорност на вработените и на самите обвинители. Во овој момент имаме приближување на ставовите, мислам дека тука можеме да изнајдеме заедничко решение во Законот, рече заменик министерот Ристовски.

Тој додаде дека состаноците и разговорите за законот за Јавното обвинителство, кој е во собраниска процедура, а за кој меѓународната јавност даде позитивна оценка за текстот, ќе продолжат и во текот на оваа недела и дека измените кои ќе се договорат, ќе одат амандмански во Собранието.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски изрази задоволство бидејќи, како што рече, средбата била конструктивна и се договориле околу финансирањето на обвинителството и за поголема одговорност на обвинителите.

-За двете прашања што денеска беа отворени е постигнато приближување на ставовите. Првото е начинот на финансирање  и зголемување на буџетската независност на државното Јавно обвинителство, каде што гледаме дека горе – долу имаме некои слични концепти и приближување на ставовите и второто е зголемувањето на одговорноста на самите обвинители како поединци,  но исто така и на обвинителствата како структури, рече Милошоски.

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција изрази надеж дека ќе се најде решение, дека власта веќе прифатила повеќе предлози на опозицијата и оти го разгледува законот предложен од ВМРО-ДПМНЕ.

Заев ја отфрли можноста за условување на поддршката од опозицијата за законот со одржување предвремени парламентарни избори.

За Предлог – законот за Јавно обвинителство што го предложи Владата, претседателот на Собранието Талат Џафери закажа седница на 27 август.

Предлог-законот, за кој е потребно двотретинско мнозинство, е со европско знаменце и ќе се носи по скратена постапка.

Девет сочни и крцкави мезиња со компири

$
0
0

Компирите се една од основните состојки на повеќето јадења на нашето поднебје. Со оглед на тоа дека оваа градинарска култура одлично успева кај нас, тие се достапни и евтини, а рецептите со компири ги има во изобилство.

Овие девет рецепти со компири на Tasty се одлични за мезиња, но може да ги послужите и како прилог во оброк.

Јовески: Доколку ЈО дојде до цврсти сознанија за бришење на податоци во СЈО ќе преземеме мерки

$
0
0

Скопје, 29 јули 2019 (МИА) – Јавното обвинителството будно ги следи информациите за наводна наредба за форензичко бришење на податоци во Специјалното јавно обвинителство и доколку дојде до цврсти сознанија ќе презема соодветни мерки согласно законот, вели државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

-Обвинителството будно го следи овој настан. Од една страна доаѓаат информации дека се врши форензичко бришење на определени компјутери во т.н. СЈО, но оттаму уследи и еден демант дека не се врши бришење на податоците. Како што е познато ние имаме оформен предмет, тоа е во делот на истрага за овие две кривични дела и доколку обвнителството дојде до цврсти сознанија дека навистина се бришат определени податоци во тој дел ќе презема соодветни мерки согласно законот, вели во интервју за Канал 5 телевизија, државниот јавен обвинител Јовески.

Во овој момент Обвинителството, како што додава, ги проверува овие околности посебно со оглед дека дојде демант од СЈО дека не се врши таа активност.

На прашање во врска со новото Обвинителство, Јовески смета дека треба да се задржат ресурсите од сегашното СЈО, во смисла на буџет и кадар.

-Јас не сум за тоа овие ресурси да се изгубат, туку со интегрирањето на ова Обвинителството со Јавното обвинителство за организиран криминал и копрупција да се задржат овие ресурси во рамките на новото Јавно обвинителство, рече Јовески.

Во врска со истарагата за предметот „Рекет“, Јовески вели дека Обвинителството интензивно работи на овој случај.

Механичарите на Red Bull го срушија сопствениот рекорд

$
0
0

Според податоците на DHL, компанија партнер на Формула 1, механичарите на Red Bull Racing викендов го соборија сопствениот рекорд во пит-стопот.

Тие го срушија рекордот што го поставија во Велика Британија, кога го средија болидот на Пјер Гасли за 1,91 секунда, што беше за 0,01 секунда побрзо од претходниот рекорд.

DHL денеска објави дека механичарите го собориле сопственото најдобро време кога работеа на болидот на Макс Ферстапен, кога ги заменија гумите Intemediate со сет Soft гуми во 46-тиот круг од трката за Големата награда на Германија на стазата Хокенхајмринг.

Тие успеаја да го направат тоа за 1,99 секунда.

Механичарите на Вилијамс го средија болидот на Роберт Кубица за 1,99 секунда.

Ферстапен ја освои Големата награда на Германија.

16 затвореници обезглавени во пресметка меѓу затворски банди во Бразил

$
0
0

Најмалку 52 лица се убиени во судири меѓу затвореници во затворот Алтамира во северниот дел на Бразил, соопштија локалните власти.

Властите на државата Пара соопштија дека 16 жртви се обезглавени, додека останатите починале од задушување. Можно е бројот на жртвите да се зголеми.

Затворениците запалиле дел од затворот Алтамира во обид да ја спречат полицијата да влезе.

Во пресметката меѓу криминалните банди што почна рано утрово, не е повреден ниту еден затворски службеник.

Дали сте подготвени за брак?

$
0
0

Бракот е заедница меѓу двајца луѓе што се заснова на љубов и почитување, но исто така бара многу труд и компромиси.

Токму поради тоа треба да бидете сигурни дека сте подготвени за тој голем чекор во врската и да бидете искрени со себе и со партнерот пред да кажете „да“.

Како да знаете дали сте подготвени за брак? Има три прашања што треба да си ги поставите и само искрените одговори ќе ви помогнат да дојдете до конечното решение.

Дали ви е најважна среќата на партнерот?

Знаете која е тајната на среќните бракови? Тоа се случува кога и двајцата партнери ја ставаат среќата на другиот пред својата. Тука нема никаква голема философија, едноставно желбата да се направи другиот среќен. И тука е големата разлика меѓу голема љубов и подготвеност за брак.

Зошто го сакате партнерот?

Ако немате конкретен одговор на прашањето, тоа значи дека уште не сте подготвени за брак. Тоа не значи дека не сте заљубени или среќни, но не сте подготвени за заедницата брак што носи со себе одговорности и одрекувања.

Ако пред бракот не се согласувате за клучни прашања и животни одлуки, кажувањето на „судбоносното да“ нема да смени ништо. Бракот треба да биде крунисување на врската, одење на следното ниво, свесна и разумна одлука на две возрасни личности, а не каприц или брзо решение за несогласувањата или несигурностите.

Дали сте подготвени за живот во кој ќе се надополнувате еден со друг?

Иако кажувањето „да“ и ставањето потпис не ги менува работите магично, сепак животот во заедница е различен од животот што сте го воделе пред брак. Прашањет кое мора да си го поставите гласи: Дали животот кој сакате да го водите, кој ве прави среќни, можете да го водите и во брак? Со други зборови, дали плановите и начинот на живот на вашиот партнер се исти и дали сте подготвени за компромиси?

Тоа може да бидат помали животни прашања како на пример каде ќе живеете, но и многу поголеми како планови околу деца, вашите ставови за религија, начин на воспитување и слично.


Српски пензионер во притвор поради објавување посмртница за Александар Вучиќ

$
0
0

Суд во Белград денеска му одреди мерка притвор од 30 дена на 67-годишниот Р.М., кој се товари дека на неговиот профил на Facebook објавил посмртница за претседателот на Република Србија.

Притворот му е одреден поради специфични околности што укажуваат дека голема е веројатноста за кратко време да го повтори делото, стои во соопштението од судот.

Во него исто така се наведува дека не е дозволено поднесување жалба на оваа одлука.

Р.М. се товари за делото „загрозување на безбедноста“, објави Танјуг.

Вчера беше одреден притвор за А.Ј.А. која се заканувала на децата на Вучиќ преку социјални мрежи.

И двата случаи ги води Специјалното обвинителството за високотехнолошки криминал.

Како да слабеете и да ја одржите саканата килажа?

$
0
0

Слабеењето не е лесен потфат, но уште потешко е да ја одржите посакуваната тежина откао еднаш ќе го стопите вишокот килограми.

Тоа значи дека треба да имате одржлив режим на исхрана и физичка активност, како и систем за поддршка.

Многу е лесно да се подлегне на старите лоши навики и враќање на килограмите што толку се мачевте да ги изгубите.

Со овие седум практични совети на доктор Ентони Балдузи од YouTube каналот The Fit Mother Project - Fitness For Busy Moms.

Родители атеисти ќе тужат основно училиште во Британија поради часови за Библијата

$
0
0

Родители атеисти сакаат да тужат основно училиште во кое одат нивните деца, тврдејќи дека одржувањето театарски претстави инспирирани од приказни од Библијата и колективни молитви ги кршат човековите права на децата.

Ли Харис и неговата сопруга Лизан добиле одобрение да се спроведе судски надзор над основното училиште во Барфорд за кое тврдат дека не го почитува законот.

Откако организација Oxford Diocesan Schools Trust го презела раководењето со училиштето во 2015 година, тие забележале дека во образованието на децата се почесто се присутни „штетни аспекти на евангелизмот“.

Ова е прв случај од ваков вид во Велика Британија, пишува британски „Телеграф“.

Родителите тврдат дека тоа ги нарушува правата на нивните деца да добијат образование „ослободено од верски влијанија“.

Oxford Diocesan Schools Trust е организација кој го презеде раководењето со 33 училишта во Велика Британија. На страницата на организацијата се наведува дека се „мотивирани од христијанските вредности“ и оти „сакаат да им служат на локалните заедници, но не сакаат да ги наметнуваат тие вредности“.

Хуманисти на Велика Британија е организација која ги поддржува родителите во нивните настојувања да го тужат училиштето, наведувајќи дека решавањето на овој случај ќе помогне за решавање на сите слични случаи во иднина.

Тие тврдат дека некои училишта држат секојдневни заеднички молитви за христијански верници, но не им даваат слична алтернатива на оние кои не се христијани.

Моника Белучи и Бен Кингсли во шпионската драма „Spider in the Web“

$
0
0

Vertical Ent. Го објави првиот трејлер за шпионската драма „Spider in the Web“, најновиот филм на израелскиот режисер Еран Риклис.

Во филмот, сер Бен Кингсли ја игра улогата на остарен агент на Мосад кој се бори да остане релевантен во новото време.

Неговиот однос и поврзаност со младиот агент пратен да го надгледува додека е на тајна мисија во срцето на Европа е одраз на човечките односи, но и на Европа денес – ранлива, проблематична, под постојани закани од надвор, додека врие од внатре. Моника Белучи ја игра нивната мета – мистериозната Анџела.

Филмот ќе има премиера во САД на 30 август.

Променливо облачно со локални врнежи од дожд

$
0
0

Скопје, 30 јули 2019 (МИА) – Времето во земјава ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено изразен вдолж Повардарието каде повремено ќе засилува. УВ индексот ќе биде 7.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 19 степени, а дневната температура ќе се движи од 24 до 36 степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно со локални врнежи од дожд, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УВ индексот ќе биде 7.

Утринската температура  ќе достигне до 19, а дневната температура до 31 степни.

Од среда следува период на многу топло време. Во среда и четврток попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд со грмежи.

Viewing all 63056 articles
Browse latest View live


<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>