Quantcast
Channel: Кајгана
Viewing all 63056 articles
Browse latest View live

Земјотрес почувствуван во Гевгелија и околината

$
0
0
Скопје, 30 јули 2019 (МИА) – Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, чиј епицентар бил во Грција, е почувствуван вчера вечерта во Гевгелија и околината.

–Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје,  во 20 часот и 33 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа на 200 км југоисточно од Скопје и потекнува од соседна Грција. Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML3.8, а беше почувствуван од населението во Гевгелија и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти  Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. 


Власта тврди дека пописот нема да се одложува, опозицијата дека решението е неевропско

$
0
0
Скопје, 29 јули 2019 (МИА) – Власта најавува дека нема да има одложување на пописот во државата што треба да се одржи догодина, за што законското решение веќе е во собраниска процедура.

Пописот, како што рече премиерот Зоран Заев мора се одржи в година, а ќе се спроведе по стандарди на ЕВРОСТАТ. Опозицијата, пак, не го прифаќа предложеното решение за пописот, со оценка дека тоа е штетно и неевропско, и не ги исполнува критериумите на ОН за спроведување попис на население. По ваквите спротивставени ставови, беше прекината и седницата на собраниската комисија која требаше да расправа по предлог-законот, заради дополнителни консултации, а беа најавени разговори за усогласување на ставовите на власта и опозицијата.

-Дефинитивно не прифаќам одложување на пописот за во 2021 година, рече премиерот Зоран Заев за најавените средби со опозицијата неделава на кои ќе се разговара за Законот за попис.

Тој нагласи дека и кај нас ќе се применуваат, како и секаде во светот, стандардите на ЕВРОСТАТ.

– Домаќинство кое влегува во попис е секое што живее тука или се отселило од државата не подолго од една година. Секој што повеќе од една година е надвор од државата се попишува, но не влегува во домаќинства, а ќе биде попишан како дијаспора, како семејство или граѓанин кој живее надвор од државата, појасни Заев.

Додаде дека во последните две години ги добиваат податоците од МВР и се знае во секој момент кој граѓанин е повеќе од две години надвор од државата.

Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев на седницата на комисијата побара Предлог-законот за попис да се повлече. Предлогот го оцени како како штетен и неевропски, кој не ги исполнува критериумите на ОН за спроведување попис на население.

– Апсолутно е приоритет да имаме попис во Република Македонија според критериумите на Евростат, на ЕУ и ОН. Овој вака предложен закон од власта на Зоран Заев и неговиот Завод за статистика во кој немаме никаква доверба апсолутно не е на таа линија. Законот треба да се повлече и да се види што и како понатаму затоа што граѓаните се масовно незадоволни од Предлог-законот за попис, рече Ѓорчев.

Иако предлогот не беше повлечен од дневен ред на собраниската Комисија за европски прашања, претседателот Артан Груби ја прекина работата по оваа точка заради потреба од дополнителни усогласувања помеѓу политичките партии во врска со овој Предлог-закон.

– Ова е веќе втор обид како се обидувам Законот за попис во 2020 година да го ставам на седница на Комисијата за европски прашања, но и двата пати по бараање на двете најголеми парламентарни партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, се одложува дебата за овој закон поради потреба од дополнителни консултации и доближување на ставовите по Предлог-текстот на законот. Затоа денеска ја отворивме седницата, го утврдивме дневниот ред со таа точка и ја прекинав седницата за да дозволам простор за усогласување помеѓу политичките партии врз основа на Предлог-текстот, изјави Груби.

Вели дека ДУИ во врска со овој текст нема никаков проблем, ниту тој како претседател на Комисијата за европски прашања.

– Сметаме дека овој Предлог-закон е прифатлив и затоа му дадовме поддршка во Владата и ќе го поддржиме во Собранието. Ќе видиме на кои ставови ќе се усогласат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ па потоа ќе ги дадеме  нашите ставови врз основа на нивните  забелешки. Јас немам видено никакви забелешки од страна ниту на ВМРО-ДПМНЕ, ниту на СДСМ, и сметам дека коалициски останува на овој Предлог-тескт кој исто така е прифатлив и за ЕУ, рече Груби.

Тој истакна дека ДУИ е отворена за дебата и се надева дека законот ќе биде усвоен навреме за да може да се  реализира пописот во април 2020 година. 

Бугарија ќе купи борбени авиони F-16, Собранието го отфрли ветото на претседателот

$
0
0
Софија, 30 јули 2019 (МИА) – Народното собрание на Бугарија го отфрли ветото на претседателот Румен Радев за набавка на борбени авиони F-16 за Военото воздухопловство.

За отфрлање на ветото гласаа 128 пратеници, додека 73 беа против. За потврда за купување на авионите беа доволни 121 глас.

Расправата траеше околу два часа, а опозицијата претежно не се согласуваше со условите за купопродажниот договор, сметајќи ги за непрофитабилни за Бугарија. Беше нагласено дека не постои гаранција дека договорите ќе бидат испочитувани на време и во рамки на проектираниот буџет, како и дека не постојат механизми за меѓународна арбитража, туку само можност за тужба во САД.

Според владејачките партии, договорите со САД се стандардни како и за другите држави кои ги купувале тие авиони со кои, како што беше посочено, ќе бидат заштитени стратешките интереси. Тие сметаат дека со Ф-16 ќе се зголеми и авторитетот на државата.

По одбивањето на ветото за набавка на авионите претседателот е должен да ја потпише ратификацијата на договорот, кој ќе стапи на сила по објавување во службен весник. 

Утврдена насилна смрт кај пронајдено лице во кичевско Црвевци

$
0
0
Скопје, 29 јули 2019 (МИА) – По извршениот увид од јавен обвинител утврдена е насилна смрт со давење кај 75-годишен жител од кичевско Црвевци.

-Во текот на вчерашниот ден, дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево заедно со службени лица од полицијата, по пријавен настан вршеше увид на лице место во семејна куќа во село Црвевци, кичевско каде беше пронајдено починато лице. Починатиот, 75-годишен жител на селото живеел сам во куќата. Поради сомнение за причините за смртта која настапила кај лицето, јавниот обвинител нареди обезбедување на трагите на лице место и вршење обдукција на телото на починатиот. Од обдукцијата произлезе дека починатиот настрадал од насилна смрт – давење, соопшти Јавното обвинителство.
 
Во насока на целосно расчистување на кривично правниот настан, денеска  по издадена наредба на обвинителството повторно се врши увид на лице место со цел прибирање траги и докази од местото каде е извршено кривичното дело. 

На граничниот премин Богородица се чека околу 30 минути

$
0
0
Скопје, 30 јули 2019 (МИА) – На граничниот премин Богородица, за излез од државата се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. 

Шарапова и Венус Вилијамс добија „вајлд-карта“ за турнирот во Синсинати

$
0
0
Марија Шарапова и Венус Вилијамс добија специјални покани да учествуваат на турнирот во Синсинати.

Лидер во шемата ќе биде Ешли Барти, по што следат Наоми Осака и Каролина Плишкова. Актуелен шампион е Холанѓанката Кики Бертенс.
 
Турнирот ќе се одржи помеѓу 10 и 18 август.
 
– Марија и Венус се едни од најголемите шампионки во историјата на играта. Со нетрпение очекуваме да ги видиме меѓу учесниците следниот викенд“, изјави директорот на турнирот во Охајо, Андре Силва.
 
Шарапова, пак, порази четворица од најдобрите 15 тенисери на патот кон својата титула во турнирот во 2011 година. За разлика од неа, 39-годишната Венус ќе учествува на овој турнир по седми пат. 

Кристијано Роналдо доби награда за животно дело

$
0
0

Славниот фудбалер Кристијано Роналдо доби награда за животно дело доделана од најпопуларното шпанско спортско списание Marca.

По доделувањето, во присуство на неговата девојка Георгина Родригез и претседателот на Реал, Флорентино Перез, Роналдо изјави дека најмногу му недостига Мадрид.

Кристијано Роналдо доби награда за животно дело

ОН: Рекорден број загинати деца во воените конфликти

$
0
0
Њујорк, 30 јули 2019 (МИА) – Повеќе од 12.000 деца загинаа во оружени судири во светот во текот на минатата година, што е рекорден број, се наведува во извештајот на Обединетите Нации.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјави дека е многу загрижен поради бројните и сериозни престапи против децата во текот на 2018 година, особено поради големиот број жртви.

Во текот на 2018 година забележан е најголем број загинати и повредени деца од 2015 година, откако се води статистика.

Најмногу настрадани деца во 2018 година има во Авганистан, каде загинаа 3.062 деца. 


Воен авион се урна во населба во Пакистан, 17 загинати

$
0
0

Пакистански воен авион се урна во текот на лет. Авионот падна во населено место по што експлодираше. Во несреќата загинаа 17 луѓе, додека 18 се повредени.

Загинаа двајцата пилоти и тројцата членови на екипажот, а авионот паднал врз пет куќи. Вкупно 17 луѓе загинаа, додека најмалку 18 се повредени. Спасувачките екипи стравуваат дека бројот на жртви е поголем бидејќи многумина се заробени во урнатините на куќите.

Засега не се познати причините за падот на авионот, а познато е дека ненадејно изгубил контакт со контролорите за лет.

Кривична за скопјанец кој на Facebook му се заканувал на Заев

$
0
0
Скопје, 30 јули 2019 (МИА) – Шеесет и седумгодишен скопјанец заработи кривична пријава поради објавен коментар на Facebook со заканувачка содржина кон премиерот Зоран Заев.

– Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против В.З. (67) од Скопје, за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по пат на информатички систем. На 25.07.2019 година, на социјалната мрежа Facebook пријавениот, преку своето корисничко име, објавил коментар со заканувачка содржина кон премиерот на Република Северна Македонија, соопшти МВР.

Премиерот Зоран Заев на 25 јули од собраниската говорница информира дека ја пријавил во МВР заканата, која во порака на социјалните мрежи била напишана во коментар по прес-конференцијата со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

- „Само куршум за тебе копиле, кој со мерак ќе ти го свирнам без око да ми трепне", гласела пораката која Заев ја прочита од својот мобилен телефон пред пратениците во Собранието.

Заев кажа дека се знае идентитетот на човекот кој ја напишал пораката и оти случајот е пријавен во МВР. 

Триесетдневен притвор за двајца цариници кои примиле поткуп на „Табановце“

$
0
0
Скопје, 30 јули 2019 (МИА) – Основното јавно обвинителство – Куманово поведе истражна постапка против двајца цариници, кои пред два дена примиле поткуп на граничниот премин „Табановце“, а на предлогот на обвинителството, Судот им определи 30-дневен притвор.

– На 28.07.2019 година околу 02:50 часот на граничниот премин „Табановце-Патен“ во својство на службени лица-царински службеници вработени во Царинската Управа на Република Северна Македонија, побарале и примиле подарок за да не извршат службено дејствие што морале да го извршат. Осомничените при вршење царинската контрола од возачот на патничко моторно возило „Фиат Дукато“ со германски регистарски ознаки, побарале и примиле парични средства во висина од 70 евра. Паричните средства биле примени за да не извршат службени овластувања и надлежности кои произлегуваат од нивните работни места, односно доколку се исполнети законските услови на возачот и сопатниците да им пресметаат и наплатат задолжителни царински давачки при внесување стока. Откако бил примен подарокот, осомничените на лицето му дозволиле непречен влез во државата без да биде извршена редовната царинска контрола и без да биде извршена проверка на стоката која ја носел, соопшти Јавното обвинителство.

При извршен претрес од страна на полициски службеници во службените простории се пронајдени и други парични средства кои се предмет на натамошно преземање дејствија во рамки на истрагата на обвинителството.

Постапувајќи по поднесената кривична пријава, надлежниот јавен обвинител донел наредба за спроведување на истражна постапка и поднел предлози за определување на мерка притвор за секој од осомничените.

Судот го прифатил предлогот на обвинителството и со решение на осомничените им е определен притвор во траење од 30 дена

Нејмар може да здивне: прекината истрагата за наводното силување

$
0
0

Истражните органи кои ги разгледуваа наводите против Нејмар за силување објавија дека случајот е затворен поради недостаток на докази. Портпаролот на јавниот обвинител на Сао Паоло најави дека случајот сепак ќе биде испратен до другите обвинители за конечна одлука.

Истрагата започна откако бразилскиот модел Нажила Триндаде ја обвини фудбалската sвезда за силување во хотелска соба во Париз во мај 2019 година.

Нејмар ги негираше обвинувањата, откако сподели дека таа се обидела да му изнуди пари

Тој на социјалните мрежи ја објави кореспонденцијата меѓу него и Триндаде, а подоцна се појави исечок од вечерта во хотелската соба, на кој се гледа како русокосата почнува да го удира Нејмар и да вика, а тој се брани со нозе.

Нејмар се пресели во ПСЖ летото 2017 година за рекордни 222 милиони евра, но не сака да остане на „Парк де Пренс“. За него се вели дека сака да се врати во неговиот поранешен клуб Барселона.

Џонсон е првиот премиер кој во резиденцијата се всели со девојка наместо со сопруга

$
0
0

Новиот британски премиер Борис Џонсон и неговата девојка Кери Симондс се вселија во резиденцијата на Даунинг стрит 10, изјави неговиот портпарол. Со тоа Џонсон стана првиот британски премиер во историјата кој живее со невенчана партнерка во премиерската резиденција, пренесува CNN.

Џонсон сè уште не е официјално разведен од втората сопруга Марина Вилер со која има 4 деца. Нивниот развод беше најавен во септември минатата година по 25 години брак, кратко откако беше потврдена љубовната афера со Симондс.

Интересот на јавноста за Џонсон и Симондс порасна откако соседите повикаа полиција поради караница во нејзината куќа, каде парот живееше. По убедливата победа на Џонсон на изборите за нов лидер на конзервативците, Симондс му се придружи пред Даунинг стрит 10 во текот на првиот негов говор во улога на премиер. И самата таа има успешна политичка кариера, беше дел од тимот кој ја водеше кампањата за повторен избор на Џонсон за местото на градоначалник во 2012 година.

Таа на 29 години стана најмладиот директор на комуникација во историјата на Конзервативците, а аналитичарите велат дека нејзината улога била клучна кога станува доведувањето во ред на познатата неуредна појава на Џонсон во текот на кампањата.

На продажба оригиналниот автомобил на агентот 007

$
0
0

Славниот Aston Martin од 1965 година користен во филмот „Goldfinger” се продава на аукција, а проценетата вредност му е помеѓу 4 и 6 милиони долари милиони. Автомобилот е целосно реставриран. 

На продажба оригиналниот автомобил на агентот 007

Ѕверот на Путин: Почна сериското производство на најмоќниот воен авион

$
0
0

Почна сериското производство на авионот Su-57, се наведува во брошурата објавена по повод 80-годишнината од основањето на компанијата Sukhoi.

„Повеќенаменскиот воздухопловен систем е систем од петтата генерација со високоинтелигентна опрема, намалена воочливост и големи граници за пресретнување воздушни и уништување копнени цели. Започнато е сериско производство и потпишан е долгорочен договор со Министерството за одбрана за испорака на повеќе од 70 авиони“, се наведува во соопштението.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека се неопходни новите авиони Su-57. Нивните борбени можности се големи. За радарите се „невидливи“, имаат големи маневарски способности и можат да ги избегнат нападите на противниците со суперсонична брзина. Руските и странските медиуми го нарекоа „Ѕверот“ на Путин.

Во состојба е да лета со суперсонична брзина, во режим на работа на моторот без дополнително согорување. Може да развие брзина од 2.600 километри на час и да оствари долет од 4.300 километри. Има квалитетна радарско-електронска блок опрема која овозможува на неколку стотина километри да детектира голем број воздушни цели и истовремено да следи триесетина од нив.

Најголема конкуренција на рускиот Su-57 ќе бидат F-22 Raptor и F-35.


Груевски: Понекогаш ми доаѓа да го бранам Заев

$
0
0

Поранешниот премиер Никола Груевски на својот Фејсбук профил објави коментар за актуелните случувања во земјава и скандалите кои се случија во последниот период.

Ориентален компир со спанаќ и роти-лепчиња

$
0
0

Внесете го мирисот на Ориентот во вашата кујна. За подготовка на овој рецепт, потребно е:

3 компири
200 г спанаќ
1 главица кромид
2 чешниња лук
1/2 страк праз
1 лажиче ким
1 лажиче сол
1 лажица пире од домати
1 лажиче куркума
7-8 лажици масло
по потреба вода
2 лажици нишесте

за роти-лепчињата:
300 гр. брашно
3 лажици масло 
1 лажиче сол
околу 100 мл вода

Подготовка:

– Компирот сварете го во солена вода заедно со кимот. Сварете го и спанаќот. Ситно исечкајте ги кромидот, лукот и празот.

– Во тава на рингла ставете 7-8 лажици масло и ставете ја куркумата, а потоа додадете ги сечканите кромид и праз, посолете и пропржете ги и на крај додадете го и лукчето.

– Потоа додадете ги сварените и исцедени компири исечени на поголеми коцки, благо измешајте и сипете малку вода. Поклопете го садот и оставете водата да почне да врие.

– Кога ќе почне водата да врие, додадете ги пирето од домати и спанаќот. Убаво измешајте и по потреба додадете уште малку вода.

– Измешајте го густинот со малку вода и додадете ги во јадењето. Измешајте и тргнете го садот од рингла.

– За роти-лепчињата помешајте го брашното со солта и маслото и додадете вода да добиете хомогена смеса. Замесете меко тесто и оставете го да се одмори 10-тина минути. Потоа тестото премесете го и поделете го на 10 дела. Секој дел расукајте го со сукало во форма на круг.

– Роти-лепчињата печете ги на загреана тефлонска тава. Кога на тестото ќе се направат балончиња, превртете ги од другата страна и премачкајте ги со малку масло. По 3-4 минути лебот е печен.

Шведска: Повеќе од 4.000 луѓе имаат вградено микрочипови во рацете

$
0
0

Откако Шведска го регулираше чипувањето, околу 4.000 луѓе ја искористија можноста да вградат биочип меѓу палецот и показалецот. Таквиот чип на носителите им овозможува да плаќаат за билети во превозот преку електронски пат или да отвораат врати на допир.

Многумина се согласиле да бидат чипувани од медицински причини, така чипот може да биде програмиран да ги потсетува пациентите на термини кога треба да примат одреден лек, но и на вистинската кутија лек за да не испијат погрешно апче.

Вградениот чип во рака може да послужи и како електронски паричник и да се употребува за плаќање со допир наместо платежна картичка. Може да служи и како сензор за распознавање во различни ситуации, влегување во зграда, авторизација на пристап и слично. Сензорите, исто така, овозможуваат полесно отклучување на автомобили или следење и контролирање одредени уреди во околината, пишува Sputnik.

Сензорите со големина на зрно ориз често се невидливи и по функција се пасивни, тоа значи дека мора да содржат однапред зададени операции и информации кои подоцна може да се отчитуваат од непосредна близина, со помош на Near Field Communication технологијата. Безбедноста на податоците на тој начин ќе биде сочувана со оглед на тоа што хакерите ќе немаат пристап на ништо освен на податоците од чипот. Контакт со чипот не е можно да се оствари освен ако некој не се најде во непосредна близина на личноста која има вграден чип и тоа точно од неговата рака.

Три совети од дерматолозите како да го намалите потењето

$
0
0

Прекумерното потење може да биде непријатно и да донесе непријатни ситуации. Дерматолозите имаат неколку совети како да го ублажите потењето.

Носете памучна облека

Потењето може да се намали доколку носите облека од памук, кој и овозможува на кожата да диши, а и го впива вишокот влага од кожата.

Антиперспирант

Антиперспирантите се однесуваат како гел кој спречува потта да стигне до површината на кожата.

Избегнувајте лута храна, кофеин и алкохол

Лутата храна го поттикнува потењето бидејќи содржи капсацин, кој на мозокот му праќа сигнал на прегревање, па телото почнува да се поти. Со обзир на тоа дека кофеионот е благ стимуланс и ги забрзува процесите на нервниот систем, телото мора да ја регулира температурата, а тоа го прави со потењето. Алкохолот ја забрзува работата на срцето и ги шири крвните садови, па набрзо ќе почнете да се потите.

Како да си помогнете доколку ве спржи медуза?

$
0
0

Со сезоната на летни одмори доаѓаат и изгорениците од медузи, кои претежно не се опасни, но се непријатни.

Овие изгореници можете сами да ги третирате, но во случај изгореницата да е поголема од површината на раширена дланка, побезбедно е да посетите лекар.

Што да направите доколку ве „бакне” медуза?

Исплакнете ја изгореницата со морска вода или вински оцет. Никако не ја плакнете со топла или слатка вода бидејќи може повторно да ги активира пипците од медузата кои останале на вашата кожа. Освен плакнење со оцет или морска вода во траење од околу пола минута, како прва помош може да ви послужи и сода бикарбона.

Откако ќе ја исплакнете изгореницата, се препорачува на изгореното место да ставите мраз кој ќе стои неколку минути.

Оние кои не сакаат да ги пробаат овие „домашни лекови”, изгорениците може да ги третираат со креми кои содржат антихистамини или аналгетици.

Viewing all 63056 articles
Browse latest View live


<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>