Quantcast
Channel: Кајгана
Viewing all 63056 articles
Browse latest View live

Хороскопски знаци кои се омилени во друштво

$
0
0

Сите сакаат да бидат опкружени со луѓе кои се позитивни, пријатни и расположени за дружење. Во хороскопот се издвојуваат неколку знаци кои со својата појава умеат да ги развеселат луѓето и важат за најомилени во друштвото.

Еве за кои знаци станува збор:

1. Риби

Рибите никогаш нема да ве изневерат. Ако се чувствувате лошо вашиот пријател роден во овој хороскопски знак веројатно со сите сили ќе се труди да ве насмее за да заборавите на проблемите. Иако и самите се понекогаш премногу чувствителни, нивната добра страна е што се преполни со сочувство. Во нивно друштво секогаш ќе се чувствувате како да сте најпосебната личност во светот.

2. Лав

Лавовите се секогаш љубезни и чесни, а нивна специјалност е да се грижат за пријателите и за семејството. Затоа нека не ве чуди што луѓето во нивно друштво  се секогаш опуштени и се чувствуваат заштитено.

3. Овен

Имаат скриен талент да поправат сечие расположение. Тие се вистински забавувачи, секогаш во ракав имаат интересни вицови и досетки на кои никој не може да остане сериозен.

4. Девица

Девиците имаат променливо расположение, но всушност се преполни со љубов и сочувство. Сакаат да бидат во центарот на вниманието па не им паѓа тешко улогата на главни забавувачи во друштво.

5. Бик

Иако се напорни и тврдоглави, пријателите секогаш им се на првото место. За нив се несебични, дури и кога се лошо расположени ќе се погрижат да ги развеселат луѓето околу нив.

6. Стрелец

Тие се нежни и грижливи, по природа срамежливи и повлечени. Но, штом еднаш се опуштат ќе ја откриете нивната урнебесна страна. Секогаш одвојуваат време за пријателите и ги сослушуваат нивните проблеми, за да на крајот им дадат добар совет.


Гледате порно на интернет? Стотици компании знаат точно што пребарувате

$
0
0

Околу 93% од порнографските веб страници проследуваат важни и потенцијално непријатни податоци за своите корисници на разни компании, меѓу кои Google и Facebook, покажа едно најново истражување.

Во студијата, чиј извештај беше објавен на страницата arXiv.org, Елена Марис од компанијата Microsoft Research и нејзините колеги анализирале 22.500 порнографски страници ширум светот и утврдиле дека следењето на нивните корисници е многу раширено и дека претставува „огромен ризик за приватноста и безбедноста“.

Компромитирачки податоци за сексуалните преференци без согласност на корисниците

Следењето на рекламните компании и други фирми е широко распространето на многу веб страници, но тимот истражувачи предупредува дека порнографските веб страниви може да откриваат компромитирачки податоци за сексуалните преференци без согласност на корисниците.

Во некои земји ширум светот каде хомофобијата е широко распространета и во држави каде е казнива со закон, овој проблем може да има сериозни последици.

„Самите последици од откривањето на URL-линковите што сте ги посетиле може да бидат тешки. Замислете какви последици би можело да има некој висок верски службеник кој гледа каква било порнографија или кога неговите сексуални преференци би биле откриени во неговата верска заедница“, вели Марис.

Помалку од една петтина од страниците има некаква полиса за приватност

Откако биле анализирани URL-линковите на 378 од вкупно 22.484 страници, било утврдено дека 45% од адресите ги проследуваат информациите за сексуалните преференци и сексуалната ориентација на корисниците.

Секоја порнографска страница во просек проследува податоци во седум различни домени до 230 различни компании и даватели на услуги.

Поголемиот дел од овие компании во своите домени не се поврзани со порнографија. Google следи 74% од страниците, американскиот технолошки гигант Oracle 24%, Facebook 10%. Најмногу информации стигнуваат кај Exoclick – компанија која ги следи корисниците на 40% од порно страниците.

Ова значи дека помалку од една петтина од страниците има некаква полиса за приватност на корисниците.

Апсурдот во оваа приказна е што големите компании добро знаат дека треба да имаат согласност од корисниците за прибирање на нивните лични податоци.

Само три од единаесетте најпопуларни порно страници нудат безбедносен протокол

Од 11-те најпопуларни веб страници со порнографски содржини, според Извештајот за транспарентност на Google од 2017 година само три нудат HTTPS протокол: Chaturbate, xHamster i RedTube.

Шефот за безбедност на Firefoxov Ричард Барнс тогаш за BuzzFeedu даде изјава во која предупредува дека многу порно страници ги користат корисничките имиња и лозинките и дека дури и најдобрите меѓу нив немаат заштитени кодови.

„Најлошо од сѐ е што многу луѓе ја користат истата лозинка и за нивната електронска пошта, за Facebook, електронско банкарство и многу други онлајн профили“, вели тој.

Не гледајте порно онлајн преку јавни WiFi мрежи

IT експертите посебно советуваат да не се посетуват порностраници преку WiFi на јавно место, како на пример хотели, на работното место, во студентски домови, синџири на локали како Starbucks и слично.

На ваквите места некој може многу лесно да влезе и да види што гледа корисникот, како и да ги утврди податоците што ги искористил – корисничкото име лозинката, лични податоци или податоци за банкарската сметка.

„Не е потребно високо ниво на технолошка софистицираност да се влезе на јавна WiFi мрежа. Некој има напишано екстензија на Firefox што се вика Firesheep, алатка што лесно се користи, а го открива сечие логирање“, предупреди Барнс.

20 години од „Американска пита”: Како изгледа сега оригиналната MILF?

$
0
0

Актерката Џенифер Кулиџ на гледачите им е најпозната по улогата на мајката на Стифлер во „ Aмериканска пита”.  Од овој филм поминаа 20 години, терминот MILF се прослави и е популарен до ден денес, а „оригиналната MILF” Џенифер Кулиџ сега има 57 години. 

По повод 20-годишнината од филмот, Џенифер гостуваше во телевизиското шоу The Morning Show.

Супербактерија отпорна на сите антибиотици се шири низ болниците во Европа

$
0
0

Според најновите истражувања, низ европските болници сѐ повеќе се шират супербактерии отпорни на сите видови антибиотици, објави BBC.

Засега најпроблематична е Klebsiella pneumoniae, но научниците предупредуваат дека и други бактерии може да станат отпорни на лекови поради начинот на кој овој вид организми ја пренесваат отпорноста.

Проблематичната Klebsiella pneumoniae

Klebsiella pneumoniae може да живее во цревата на човекот без да создава какви било проблеми. Меѓутоа, ако ни ослабе имунитетот или ако ни е загрозено здравјето, таа може да предизвика воспаление на белите дробови, менингитис и други воспалителни процеси.

„Алармантно е што овие бактерии станаа отпорни на клучни антибиотици од најновата линија“, вели доктор Софија Давид од Институтот Сангер.

„Од таа причина, заразувањето со таа бактерија се поврзува со висока стапка на смртност. Загрижува фактот дека само во 2015 година беа забележани 2.000 смртни случаи предизвикани од овој вид на бактерија, а ако не се преземе нешто, тој број ќе продолжи да расте“, предупредува таа.

Бројот на смртни случаи во Европа од инфекција со бактеријата К. pneumoniae отпорна на антиботици порасна од 342 во 2007 на 2.094 во 2015 година.

Се шири во болниците

Според најновото истражување во кое била анализирана состојбата во 224 блници од Ирска до Израел, болниците станаа примарно место на ширење на инфекции со бактерии од видот K. pneumoniae отпорни на антибиотици.

„Резултатите укажуваат дека болниците се примарно место за ширење на инфекциите, односно дека бактеријата се пренесува од едно лице на друго главно внатре во болниците“, вели Давид.

Истражувањето насловено „Epidemic of carbapenem-resistant Klebsiella pneumoniae in Europe is driven by nosocomial spread“ беше објавено во журналот Nature Microbiology.

Што можеме да направиме?

Најдобар начин да се спречи ширење на инфекција со бактерија отпорна на лекови е  - превенција.

„Сметаме дека со добра хигиена во болниците, што вклучува и рана идентификација и изолација на пациентите заразени со овој тип на бактерија, можеме да го одложиме и успешно да го контролираме ширењето на овие патогени“, смета доктор Хајо Грундман од Универзитетот во Фрајбург.

Десет актери кои секогаш толкуваат улога на негативци

$
0
0

Овие десет актери се издвојуваат од останатите поради нивните улоги на вечни негативци.

Watch Mojo направи нова листа на топ 10 актери кои едноставно уживаат во улогата на негативци, а на неа се имињата на Килијан Марфи, Ентони Хопкинс, Тим Кари, Џејсон Ајсакс, Питер Стормер, Хелена Бонам Картер, Кристоф Волц и други.

Се верува дека една од најтешките работи е да се игра улога на негативец во филмовите, дури и професионалните актери понекогаш се соочуваат со проблеми кога портретираат негативни ликови на екраните. Но, постојат актери во Холивуд кои со леснотија прифаќаат да глумат негативци.

Игри без граници: Нишалки поставени низ ѕидот меѓу САД и Мексико

$
0
0

Двајца професори и уметници од Калифорнија поставија нишалки низ ѕидот што ги дели САД и Мексико за да може децата од двете страни да си играат заедно.

Нишалките се дизајн на архитектот Роналд Раел.

Целта на овој проект е да им се овозможи на децата од семејствата разделени од политиките на возрасните да имаат барем нешто што наликува на безгрижна детска игра.

Мареј се враќа посилен: Го мерка Синсинати во август

$
0
0

Британскиот тенисер Енди Мареј долго време се мачеше со болка во колковите и кога болката стана неиздржлива, се одлучи да направи операција.

Наспроти сите очекувања и најави за пензионирање, се врати на теренот. Прво заигра во двојки – со Фелисијано Лопез во Квинс каде победија, а потоа и со Серена Вилијамс на Вимблдон, каде стигнаа до третото коло.

Сега следи враќање во сингл конкуренција. Тоа би можело да се случи на 10 август кога почнува турнирот во Синсинати.

„Ако не се вратам таму, најверојатно ќе чекам да помине УС Опен. Не би сакал првиот турнир во сингл конкуренција да биде Грен слем каде се игра на три добиени сета“, рече Мареј.

Најпознатиот британски тенисер со години имаше проблеми со десниот колк, но ситуацијата се искомплицира во 2017 година за време на Ролан Гарос.

Мораше да пропушти неколку големи турнири, а откако го откажа УС Опен, соопшти дека нема да игра до крајот на сезоната.

На крај мораше да го откаже и ланскиот Вимблдон, се врати на УС Опен и испадна во второто коло. Побара помош и од психолог и сега се враќа посилен од кога било.

Најголеми успеси во кариерата му се две титули на Вимбдон и УС Опен, две злата од Олимписки игри и Дејвис купот. Има играно на вкупно 11 Грен слем финалиња и има освоено 45 ATP титули.

Кога го освои Вимблдон во 2013 година стана првиот Британец кој успеал да го направи тоа по 1936 година.

На турнири има заработено повеќе од 60 милиони долари.

Пожар во зграда во Гевгелија, станарите навремено евакуирани

$
0
0

Гевгелија, 30 јули 2019 (МИА) – Кат од зграда изгоре денеска во Гевгелија. Причинета е материјална штета, повредени нема.

Пожарот избувнал денеска околу 11 часот во станбената зграда на улица „Ристо Чавдаров“.

Според првичните сознанија, станарите од зградата веднаш и навремено биле евакуирани, но ветерот кој денеска дува во Гевгелија придонесе пожарот брзо да се прошири на целиот кат.

Интервенцијата на ТППЕ од Гевгелија со сиот расположлив капацитет успеа да го локализира огнот да не ги зафати и подолните катови меѓутоа материјалната штета од пожарот очигледно е голема.

Причините за настанувањето на пожарот сѐ уште се истражуваат и засега не се познати.


Град Скопје ќе дистрибуира топлинска енергија до граѓаните

$
0
0

Скопје, 30 јули 2019 (МИА) – На денешната владина седница е донесена одлука на Град Скопје да му се даде трајно користење на топловодната мрежа, со која ќе управува новоформираното претпријатие за дистрибуција на топлинска енергија и гас „Градски енергетски системи“ (ГЕС).

Градот Скопје, како што информира во своето соопштение, преку АД ГЕС-СКОПЈЕ ќе спроведува мерки за намалување на аерозагадувањето во градот, што е последица на затоплувањето на објектите на среден рок преку развој и проширување на топлификациската мрежа, давање субвенции за приклучување, подобрување на енергетската ефикасност на објектите, намалување на потрошувачката на енергија преку регулација и изградба на дистрибутивна мрежа за природен гас.

– ГЕС ќе овозможи обмислени градски енергетски политики, одговорен пристап кон енергетската ефикасност и рационален пристап во комбинирањето на топлификациската и гасоводната мрежа низ градот. ГЕС ќе има изменет пристап кон корисниците во кој приоритет ќе има бројот на приклучени претплатници и ширењето на мрежата, наспроти максимизирањето на профитот и рационализирањето на трошоците и инвестициите, како што е случај со сегашните дистрибутери на топлинска енергија, се вели во соопштението на Град Скопје.

Целта на Градот е парното греење да биде достапно за сите, граѓаните да добиваат пониски сметки, да се запре досегашниот бран на исклучување од системот, повторно да се вратат во мрежата корисниците кои го напуштиле овој начин на затоплување поради превисоките сметки за парно, и да се привлечат во системот нови корисници.

Од Градот посочуваат дека преку субвенционирање на потенцијалните нови корисници и вложување во енергетска ефикасност на објектите што треба се приклучат на топлификацискиот систем, директно ќе влијае и врз намалување на потребата од топлинска енергија за затоплување, а со тоа ќе се намали и трошокот за затоплување, односно корисниците ќе добиваат помали сметки за греење.

– Со функционално поврзување на трите топлификациски мрежи, кои во моментов се одвоени, ќе се создадат можности за вложувања во досега нерегулирани извори на топлинска енергија со што ќе се создаде конкуренција на пазарот што ќе доведе и до дополнително намалување на цената на топлинската енергија, информираат од Град Скопје.

Три нови планети: Откриени досега најблиските егзопланети

$
0
0

Научници на НАСА открија три нови планети кои кружат околу ѕвезда оддалечена само 73 светлосни години од планетата Земја. Овие таинствени планети се дел од системот TOI-270, пренесува Independent.

Трите планети кружат околу ѕвезда оддалечена само 73 светлосни години што ги прави најблиски егзопланети некогаш откриени. Откриени се со сателитот TESS, лансиран во вселената во 2018 година. Овој сателит досега скенираше ѕвезди и планети кои би можеле да го поддржат вонземскиот живот.

Системот TOI-270 има карпеста супер-земја која е малку поголема од Земјата и две гасовити планети кои се за нијанса поголеми. Планетата е слична како Земјата, додека двете поголеми планети се како Сатурн и Јупитер.

Истражувачите се надеваат дека со помош на Сончевиот Систем ќе сфатат зошто постојат толку малку светови со оваа големина.

„TOI-270 ќе ни овозможи да го проучиме тоа што недостасува меѓу карпестите планети слични на Земјата и оние на кои доминираат гасови, бидејќи сите типови се формирале во ист систем“, вели главниот истражувач Максимилијан Гунтер од Институтот за технологија од Масачусетс.

Покрај егзопланетата слична на Земјата постојат два гасовити света. Се смета дека едниот од нив, најоддалечениот од ѕвездата, е во температурен опсег кој би можел да овозможи услови за живот.

Но, научниците претпоставуваат дека атмосферата е многу погуста, температурата прилично висока и површината е најверојатно претопла. Освен што е во близина, ѕвездата е необично светла.

„TOI-270  е вистински Дизниленд за науката за егзопланети и еден од главните системи кои TESS требаше да ги открие“, вели Гунтер.

Судот не му го врати пасошот на Мијалков

$
0
0
Скопје, 30 јули 2019 (МИА) – Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје како неосновано го одби барањето на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, да му биде вратен пасошот. Мијалков го бараше пасошот назад со образложение дека има потреба од оперативен зафат кој треба да му биде извршен во странство.

-Барањето на еден од осудените лица со првостепена пресуда  во  предметот со КОК бр. 62/17 од обвинителството означен како „Титаник 2“, за укинување на мерката за претпазливост – привремено одземање на патната или друга исправа за преминување на државната граница и забрана за издавање нова, ја информираме јавноста дека Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје по добивање на целокупната документација поврзана со барањето согласно Законските одредби се обрати до надлежното обвинителство од каде е добиено негативно мислење во однос на барањето, соопшти Судот.

Советот на одржана седница по разгледување и ценење на барањето и мислењето на надлежното обвинителство донесел решение со кое барањето го одби како неосновано.

Против ова решение, како што велат од Основен кривичен суд – Скопје, странките имаат право на жалба до Апелациониот суд во рок од три дена.

Во првостепената пресудата за предметот „Титаник 2“ поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков е осуден на 3 години затвор, Мендух Тачи – на 3 години и 2 месеци, Бедредин Ибраими – на 4 години и 6 месеци, Влатко Сајковски – 3 години, Сашо Срцев – на 3 години и Елизабета Стефановска – на 3 години затвор. Судот го прифати барањето на СЈО и им определи притвор на Сашо Мијалков и на Бедредин  Ибраими, а останатите четворица осудени добија мерки за претпазливост. 

Кочан мора веднаш да се јави во затвор, жалбата му е одбиена

$
0
0

Скопје, 30 јули 2019 (МИА) – Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје ја одби жалбата на Сеад Кочан како неоснована и го потврди решението на судијата за извршување санкции, според кое осуденото лице е должно веднаш да се јави на издржување на затворската казна.

-Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје, постапувајќи по жалба изјавена против решение на судија за извршување санкции со кое се одбива барањето за одлагање на извршување на затворската казна на еден од правосилно осудените лица во предметот со К.бр. 1459/17 од обвинителството означен како „Труст“, по добивање на целокупната документација поврзана со жалбата, на 26.07.2019 година одржа нејавна седница, се наведува во соопштението од Судот.

По разгледување и ценење на жалбата, како што стои во соопштението, Советот донел решение со кое жалбата ја одбил како неоснована и го потврдил решението на судијата за извршување санкции, според кое, осуденото лице е должно веднаш да се јави на издржување на затворската казна, а одлуката на советот е писмено изработена и експедирана до странките.

Бизнисменот Сеад Кочан со првостепената одлука за предметот „Труст“ беше осуден на шест години затвор, а Апелацискиот суд Скопје во март годинава ја намали на четири години и осум месеци. Кочан беше осуден за манипулации околу добивање тендер од ЕЛЕМ од 17 милиони евра.

Најслатката забава во светот

$
0
0

18 панди родени меѓу јули и септември минатата година го прославија нивниот прв роденден во Националниот резерват Волонг во југозападната кинеска провинција Сечуан.

Роденденската веселба почна со соодветна декорација, многу подароци и храна за малечките панди кои весело се забавуваа. Малечките славеници, од кои 9 се машки и 9 се женки, меѓу нив и три пара близнаци, веднаш почнаа да ги отвораат кутиите и да се забавуваат.

„Ова е првпат да видам толку панди на едно место, а за првпат гледам и бебиња панди. Пресреќен сум“, вели Танг Тингкао, еден од посетителите кои имаа можност да уживаат во оваа преслатка забава, пишува National Geographic.

Marca до Реал Мадрид: Го фрливте имиџот во веце шолја и пуштивте вода

$
0
0

Ситуацијата во Реал Мадрид е далеку од блескава, особено по поразот од 7:3 од градскиот ривал Атлетико на пријателски натпревар во САД.

Зинедин Зидан е нервозен, се соочува со низа проблеми во клубот, а медиумите не го намалуваат притисокот врз стратегот кој се врати во „кралскиот клуб“ со големи ветувања.

Долгогодишниот спортски новинар и аналитичар на Marca Хуан Мануел Родригез ја има „добитната формула“ и порака до Реал:

„Доста со парализираноста: Реал Мадрид мора веднаш да ги донесе Погба и Нејмар“, гласи насловот на неговата најнова анализа.

„Едиствениот позитивен аспект е дека ова се случи во јули. Зидан и играчите го фрија имиџот во веце шолја и пуштија вода. Момците на Симеоне играа како да се работи за живот или смрт, а Реал тоа го сфати како шега“, немилосрден е Родригез.

Него исто така го загрижува дека можно е Реал да го продаде Хамес Родригез во Атлетико, иако клубот сега најмногу има потреба од две големи засилувања.

„По мое мислење, би сакал Флорентино Перез да го крене овој Реал Мадрид на ново ниво. Им требаат неколку млади и моќни играчи како Пол Погба. И ако може Нејмар. Има уште време, искористете го да излезете од оваа парализа. И нови сеум примени гола“, заклучува тој во анализата за Marca.

Си Џеј Мекалум продолжува со Портланд за договор вреден 100 милиони долари

$
0
0
Портланд, 31 јули 2019 (МИА) – Бекот Си Џеј Мекалум го продолжи договорот со Портланд Трејлблејзерс за уште три години, период за кој ќе заработи 100 милиони долари.

Така, 27-годишниот Мекалум, кој имаше договор за уште две години, ќе остане во клубот до летото 2024 година, добивајќи вкупно 157 милиони долари плата за тој период.

Тој беше избран од Портланд под бр. 10 на Драфтот во 2013 година, откако во просек постигнува над 20 поени во секоја од своите четири сезони во лигата.

Во последната кампања, Мекалум забележа 21,0 поени, 4,0 скока и 3,0 асистенции, постигнувајќи 167 тројки на 70 натпревари како носител.

Потоа, тој му помогна на Портланд да стигне до финалето на Западната конференција со 24,7 поени, 5.0 скокови и 3,7 асистенции на 16 одиграни натпревари.


Жените во земјава живеат подолго од мажите за 3,8 години

$
0
0
Скопје, 31 јули 2019 (МИА) – Жените во Северна Македонија живеат подолго од мажите за 3,8 години, покажуваат податоците на Евростат.

Најголема разлика во животниот век меѓу мажите и жените во државите во регионот има во Бугарија, каде што животниот век на женската популација е подолг за седум години.

Жените во Србија живеат подолго од мажите за пет години, во Грција за 5,1, а во Турција за 5,6 години.

Најголема разлика во животниот век меѓу мажите и жените во земјите од ЕУ има во Летонија 9,9 години, во Литванија 9,8, во Естонија 8,8, во Полска 7,9 и во Романија 7,4 години.

Најмала разлика има во Холандија 3,2 и во Шведска 3,3 години. 

Воз удри во автомобил кај скопско Кондово, полесно повреден возачот

$
0
0
Скопје, 31 јули 2019 (МИА) – Воз удри во автомобил „ситроен“ утрово кај  скопското село Кондово, при што полесно е повреден возачот на автомобилот, потврдија за МИА од МЖ-Инфраструктура.

Несреќата се случила кога кога автомобилот поминувал преку пругите и од ударот е речиси уништен.

Фејл компилација: Прикрадување на подмолен начин

$
0
0

Fail Army објави нова фејл компилација од смешни настани и ситуации во кои некој се прикрадува на подмолен начин или нешто се случува, но не се одвива според очекуваното.

Кумановец пронашол рачна бомба во неговиот двор

$
0
0
Скопје, 31 јули 2019 (МИА) – Кумановец синоќа пријавил во полиција дека пронашол рачна бомба во неговиот двор.

Во СВР Куманово синоќа во 19:15 часот Т.В.(44) од Куманово пријавил дека во дворот од неговата куќа пронашол рачна бомба М-50 од Втората светска војна.

Од стручно лице од ДЗС-Куманово, информираат од МВР, експлозивната направа била подигната за понатамошна постапка. 

Корисниците ширум светот повторно имаат проблеми со Facebook

$
0
0

Социјалната мрежа Facebook утрово повторно имаше проблеми, а корисниците ширум светот пријавуваат различни проблеми на сајтот Downdetector.com.

Некои од корисниците наведуваат дека немаат пристап до инбокс, не можат да шернат објава и да прикачат видео или фотографија.

„Не можам ништо да објавам“, гласи еден од коментарите.

Facebook досега немаат излезено со соопштение за проблемите, а изгледа дел од корисниците повторно имаат пристап до саканите содржини на социјалната мрежа.

Viewing all 63056 articles
Browse latest View live


<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>