Quantcast
Channel: Кајгана
Viewing all 63056 articles
Browse latest View live

Заврши вештачењето на вториот телефон на Јанева, ЈО не споделува детали

$
0
0

Скопје, 31 јули 2019 (МИА) – Заврши вештачењето и на вториот мобилен телефон на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, потврдија за МИА од Јавното обвинителство, но како што посочуваат, детали не можат да споделат.

По дадени насоки на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на 23-ти овој месец беше пронајден вториот мобилен телефон на Јанева.
 
Телефонот, како што соопштија од Обвинителството, бил пронајден со следење на ИМЕИ бројот со помош на мобилен оператор и лицето кај кое бил телефонот рекло дека го добило на подарок.
По издавање на првата наредба за одземање на мобилните телефони, беше пронајден само еден мобилен телефон на Јанева и беше дадена информација дека вториот мобилен телефон бил изгубен.
 
Телефоните на специјалната јавна обвинителка се одземени и дадени на вештачење со цел да се види нејзината комуникација со првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски-Боки 13.

Мурињо: Тешко е да одбивам понуди, но имам право на избор

$
0
0
Лондон, 31 јули 2019 (МИА) – Жозе Мурињо инсистира на тоа дека ќе преземе клуб, каде што навистина го сакаат како менаџер. Португалскиот тактичар е без тим, откако Манчестер Јунајтед го отпушти минатиот декември и го замени со Оле Гунар Солскјер.

Иако веќе доби неколку понуди, поранешниот ментор на Челзи, Реал Мадрид, Интер и Порто сè уште не брза да се врати во тренерската професија. 56-годишниот Мурињо инсистира на тоа дека ќе се врати само ако тој е навистина посакуван од конкретниот клуб.

– Најтешко е за мене е да кажам „не“ на сите предлози. Морам да работам, затоа што внатрешно, секогаш сум импулсивен во однос на работата. Ако имам можност да работам, сакам да кажам: „Почнуваме“. Да одбивам предлози е нешто многу, многу, многу тешко, вели Специјалниот за „Скај Спортс“.

На прашањето зошто одбива, стратегот открива:

„Затоа што тоа не е предизвикот што го сакам. Но, со сета почит кон предлозите што ги добив од клубовите, сакам да имам право да бирам луѓе кои се „Мурињовци“ – како што сакаат да кажат луѓето во Португалија, Шпанија и Италија – „Мурињовец“ е личност, кој е фан. Тие сакаат јас да бидам таму, каде што припаѓам, така што кај мене не станува збор да кажам „добро, еве ја мојата понуда и ќе ја прифатам“. Морам да бидам трпелив и да чекам на вистинската можност, и таа да одговара на моето ниво како менаџер“.

Празникот одбележете го достоинствено и не управувајте моторно возило под дејство на алкохол!

$
0
0
РСБСП со апел до возачите: Безбедноста на прво место!

2-ри август - Илинден,  е еден од најголемите национални и верски празници кој сите граѓани го чествуваат и одбележуваат.  Како најголем државен празник, 2-ри август - Илинден треба да биде одбележен на достоинствен и соодветен начин, со сите почести и почит, согласно големината и важноста на овој празничен ден.

За жал, податоците од црната статистика и искуствата од минатите години покажуваат дека за време на празници, продолжени викенди и одмори,  значително се зголемува интензитетот на сообраќајот,  а  паралелно со тоа се зголемува и бројот на сообраќајни незгоди.  Речиси и да нема продолжен викенд или празник во кој не се случува  сообраќајна незгода со поголем број на повредени и загинати лица. Една од причините за оваа фатална состојба за време на празници и продолжени викенди  е токму фактот што во овие денови значително се  зголемува бројот на возачи кои управуваат моторно возило под дејство на алкохол. 

Во пресрет на празничните денови, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ги  потсетува  возачите  дека  возењето под дејство на алкохол е надвор од хуманите и цивилизациските вредности на современото општество. 

Секој возач треба да знае дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и ја намалува способноста на возачот за брзо и ефикасно  дејствување во случај на непредвидени ситуации и закани во сообраќајот.

Возачката дозвола и управувањето со моторно возило е доверена одговорност од семејството и од општеството и согласно тоа,  секое совесно лице , секој совесен возач,  треба да знае дека  под дејство на алкохол не смее ниту да започне да управува  со возилото.

Според ЗБСП, дозволено количество на алкохол во крвта кај возачите изнесува 0,5 г/кг. Кај професионалните возачи и возачите почетници, не е дозволено никакво количество на алкохол во крвта. Глобата за непочитување на ова законска обврска изнесува од 225 до 375 евра во денарска противвредност. Покрај тоа, полицискиот службеник на самото место привремено ќе му ја одземе возачката дозвола и ќе го исклучи од сообраќај возачот за кого ќе утврди дека е под дејство на алкохол.

Пијаните возачи се ризик и закана за безбедноста во сообраќајот. Покрај тоа што не се способни за правилно расудување и соодветно дејствување, склони се кон преземање на ризик, возат брзо, неправилно престигнуваат,  ги прекршуваат правилата за првенство на минување, т.е. го загрозуваат сопствениот живот,  но и животот и здравјето на другите учесници во сообраќајот.

Со цел едукација на учесниците во сообраќајот и подигање на свеста за штетните последици од неодговорното учество во сообраќајот, а како дел од Летната кампања-2019, РСБСП и партнерите, во наредните денови ќе организираат  теренска акција  за побезбеден сообраќај. Во рамките на акцијата, во повеќе  градови, излетнички места и на повеќе јавни настани кои ќе се одржат периодот, ќе бидат поставени мобилни пунктови на кои ќе се делат едукативни материјали, брендирани води со сообраќајно едукативни пораки и  преку директна кумуникација ќе се советуваат учесниците во сообраќајот за ризикот и опасноста на кои се изложуваат доколку управуваат моторно возило под дејство на алкохол.

 РСБСП на сите граѓани им го честита големиот национален и верски празник, 02 Август-Илинден,  со апел до возачите:  Безбедноста нека ви биде на прво место! Празникот одбележете го достоинствено и не управувајте моторно возило под дејство на алкохол!

Трамп вети детално запознавање со случајот за наводното труење на Навални

$
0
0
Вашингтон, 31 јули 2019 (МИА) Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека детално ќе се запознае со случајот за наводното труење на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални во казненото одделение на московската полиција, пренесува ABC News.

Телевизијата објави краток фрагмент од интервју со Трамп во кое претседателот укажува дека дознал за случајот.

-Слушнав за тоа. Ова е најново, не знам (конкретно) за тоа, но ќе се запознаам, изјави Трамп.

Навални во неделата наутро од казненото оделение на московската полиција беше однесен в болница откако се појавија симптоми на алергиска реакција, за што подоцна лекарите утврдија дека е остра форма на сипаници со подуеност на вратот и лицето.

Лекарот на опозиционерот, Анастасија Васиљева, постави дијагноза „контактен дерматит“. Лекарот, кој го лечеше Навални во 2017 година после слична реакција откако опозиционерот беше нападнат со зелена течност, изјави дека во казненото оддление можело да биде испуштен некаков „хемиски реагенс“ од што е предизвикана алергиската реакција.

Навалани тврди дека никогаш не страдал од алергија. Смета дека најверојато е отруен од страна на полицајци во казненото одделение, но не исклучува и можност тоа да го сториле непознати лица со пристап во ќелијата.

Навални се наоѓа во 30-дневен притвор по обвинене за повторно прекршување на правилата за јавни собири. Тој е обвинет за повикување митинг пред зградата на Градското собраниe на Москва за протест поради блокада на регистрацијата за учество на независните кандидати на изборите за во градското собрание на Москва. 

Јорданската принцеза Хаја бара британскиот суд да ја заштити од сопругот

$
0
0

Сопругата на шеикот Мухамед бин Рашид Ал Мактум од Дубаи, принцезата Хаја, во британскиот суд поднесе барање за забрана за приоѓање и заштита од присилен брак.

Јорданската принцеза Хаја бин Хусеин  е ќерка на покојниот јордански крал Хусеин и полусестра на сегашниот крал Абдула. Во британскиот суд таа исто така поднесе барање за старателство над децата, што значи дека децата до донесувањето на одлуката, се под старателство на судот. Според британскиот закон, заштита од присилен брак помага ако некој тврди дека е присилен на брак или веќе е во присилен брак.

Канцеларијата за медиуми на Обединетите Арапски Емирати одби да коментира за приватни прашања кои се одвиваат на суд. Шеикот Мухамед е потпретседател на ОАЕ, се ожени со принцезата во 2004 година и тоа е негов шести брак. Тој има повеќе од 20 деца со различни жени.

Принцезата Хаја денеска се појави на рочиште во судот во Лондон, додека нејзиниот сопруг не присуствуваше.

Најмладата сопруга на шеикот, 45-годишната принцеза Хаја наводно со месеци внимателно се подготвувала за бегство во Лондон, откако сопругот ја лажеше за тоа дека ја затворил и мачел својата постара ќерка. По месеци планирање, принцезата во мај замина од Дубаи во Германија,а потоа во Велика Британија. Таа е сега во Лондон со двете деца.

Израсната е без мајка која загинала во хеликоптерска несреќа на 28-годишна возраст кога Хаја имала 2 години, а нејзиниот брат Али само што наполнил година. Јорданскиот крал од тој момент целосно се посветил на грижата за децата. Се школувала во Лондон и го има прошетано светот. До 30-тата година живеела под заштитата на нејзиниот татко и кралското семејство, а потоа се омажила за Мухамед бин Рашид Ал Мактим. И покрај на изглед идиличниот живот, бракот и слободната волја на одлучување и движење, што не е типично за жените во арапскиот свет, принцезата побегна од Дубаи и побара азил во Европа.

Рецепт на денот: Салата од рукола и туна

$
0
0
Свежа и колоритна салата.

Потребно е:

околу 50 г рукола
4 маринирани мали пченки (од конзерва)
60 г маринирани шампињони
1 конзерва туна во солен раствор
1 помала свежа краставица
маслиново масло
сол

Подготовка:

– Руколата исчистете ја и измијте ја убаво. По потреба исечкајте ја.

– Пченката исечете ја на тркалца, а шампињоните на листови. Туната исцедете ја. Краставицата излупете ја и исечкајте ја на мали коцки.

– Сите состојки ставете ги во чинија за сервирање, посолете по вкус, прелијте со маслиново масло и полека измешајте.

– Пред да ја сервирате, оваа салата оставете ја малку да се излади во фрижидер.

Двајцата повредени при пукањето на свадбата имале рани на градите

$
0
0
Тетово, 31 јули 2019 (МИА) – Двајцата ранети при пукањето на свадбата во тетовска Мала Речица имале повреди во градите и поради сериозноста се однесени на скопската Клиника за торакална хирургија, информираат денеска од тетовската клиничка болница.

Двајцата повредени по оперативните зафати се во стабилна состојба.

– Дежурна екипа вчера ги примила двајцата повредени со по една рана во пределот на градите. Едниот повреден веднаш по првата помош е однесен во Клиника за торакална хирургија во Скопје. По направени иследувања и опсервации и поставена индикација и за вториот е донесена одлука да се однесе на истата клиника, изјави раководителот на Одделението за хирургија при Клиничката болница во Тетово, Илбер Бесими.

СВР Тетово објави дека повредените се 27-годишник со иницијали А.Б. од Мала Речица и 26-годишниот Ф.А. од Голема Речица.

– Инцидентот се случил вчера околу 22 часот на свадбена свеченост организирана во дворот од куќата на 47-годишниот Б.Д., на улица „172“ во тетовска Мала Речица, изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле увид и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Пријателства во политиката: Мит или вистина?

$
0
0

Вчера беше одбележан Меѓународниот ден на пријателството, основан од Обединетите Нации во 2011 година со цел да ја промовира улогата што пријателството ја има во зближувањето меѓу луѓето и нациите.

Во таа чест Sputnik одбра интересни фотографии од значајни политичари и славни личности и нивните моменти на пријателство.

Пријателства во политиката: Мит или вистина?

Јапонија одобри експерименти со човечки и ембриони од глувци

$
0
0
Токио, 31 јули 2019 (МИА) – Министерството за образование, култура, спорт, науки и технологии на Јапонија го одобри барањето на неколку научници, за експерименти со хибридни човечки и ембриони од глувци.

Според списанието Nature, претходно во земјата важела забрана за работа со ембриони што содржат клетки на човек, како и какви било експерименти со мешани ембриони постари од 14 дена. Од 1 март 2019 година, таквите ембриони може да не бидат уништувани и две седмици по создавањето, а дозволено е и внесување во утробата на женки сурогат-мајки, од одредени животни.

Така, како што наведува изворот, сега билогот Хиромицу Накаучи од Токио може без пречки да врши експерименти со вметнување човечки ткива во глувчји организам, а подоцна да прејде и на поголеми животни.

Накаучи истакнува дека основна цел на неговите експерименти е вештачко создавање панкреас, којшто ќе може да биде пресаден на човек. 

Поевтино парно за скопјани од 1 август

$
0
0
Скопје, 31 јули 2019 (МИА) – Вкупниот трошок за топлинска енергија за потрошувачите на БЕГ се намалува за шест отсто, за потрошувачи на ЕЛЕМ Енергетика во Општина Гази Баба за 13,5 отсто, а во Скопје Север за 12 отсто, соопшти денешната прес-конференција претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, Марко Бислимоски.

Тоа значи дека сметка од 2000 денари за парно на БЕГ на чиј систем има најмногу приклучени потрошувачи, ќе се намали за 150 денари.

Одлуките за утврдување на цените за топлинска енергија  на трите компании кои работат на територија на Град Скопје се донесени на денешната седница на регулаторот. Бислимовски  во однос на одлуката за БЕГ појасни дека поради зголемената цена на природен гас од 20,4 проценти во 2019 споредено со 2018 година,  вкупните трошоци за набавка на енергенсот на БЕГ-производство се зголемени за 24 проценти или во пари 2,6 милиони евра.

-Овие зголемени трошоци делумно ги амортизиравме со тоа што прв пат со нашите одлуки предвидуваме ТЕТО АД Скопје како когенеративна постројка да продава топлинска енергија која што е за 15 проценти пониска од цената на БЕГ производство. Влијанието на исклучените потрошувачи изнесува 7 проценти или во пари 1,8 милиони евра. Оваа година влијанието ќе биде 4 проценти, односно околу еден милион евра, а следната ќе биде 3 проценти или околу 800.000 евра. Благодарејќи на иницијативата која ја поведе РКЕ при носењето на новите правила за снабдување со топлинска енергија која беше прифатена од Владата, со што се намали ДДВ-то за топлинска енергија од 18 на 5 проценти, се доведовме во ситуација да се намалат вкупните трошоци на потрошувачите приклучени на БЕГ за топлинска енерхоија од 1 август за 6 проценти, рече Бислимовски.

Кај потрошувачите приклучени на Енергетика во Општина Гази Баба, а тоа се во населбата Железара и делумно Маџари, вкупниот трошок за топлинска енергија се намалува за 13,5 проценти. При тоа, фиксниот надометок за овие потрошувачи е намален за 30 проценти со што, вели, се дава сигнал да има уште повеќе потрошувачи приклучени на системот за топлинска енергија во овој дел од Скопје. За Скопје Север, каде на мрежата се приклучени околу 460 потрошувачи, цената на парното е намалена за 12 проценти. Со оглед дека станува збор за многу мал број потрошувачи, од Регулаторната комисија предлагаат овие потрошувачи да се вклучат во системот на ЕЛЕМ Енергетика или на системот на БЕГ, затоа што актуелниот снабдувач се соочува со проблем за покривање на трошоците за набавка на природен гас.

-Со ова намалување на цените за топлинска енергија на теритоиријата на Град Скопје кои што во изминатиот период никогаш не биле толку намалени, даваме поттик што е можно поголем број потрошувачи да се приклучуваат на овој централен систем за греење, а исто така веруваме дека со овие цени ќе ги привлечеме и веќе исклучените потрошувачи повтотно да се приклучат на централниот систем за греење во Скопје, рече Бислимовски.

Според анализите на сметките, тој додаде дека нема поевтино греење од топлинската енергија и апелира што е можно повеќе потрошувачи да се приклучат на централениот систем на греење, со што, посочува, ќе се намалат фиксните трошоци на компаниите и ќе има поголемо намалување на ценатата на топлинската енергија. По согледувањата дека многу нови згради не се приклучуваат на централниот систем на греење, туку поставуваат котлиња кои користат електрична енергија што е најскап и неефикасен, Бислимовски најави дека во врска со ова РКЕ во следниот период ќе предложи во новиот закон за градба кој е во фаза на донесување, точно да се знае во кои делови од Скопје на кој начин ќе се греат граѓаните.

-Неприфатливо е од згради кои се на 200-300 метри од топланите да се греат на електрична енергија, рече Бислимовски.

На новинарско прашање дали владината одлука на Град Скопје да му се даде трајно користење на топловодната мрежа, со која ќе управува новоформираното претпријатие за дистрибуција на топлинска енергија и гас „Градски енергетски системи“ (ГЕС), ќе ги зголеми цените на парното, Бислимовски рече дека не очекува да има поскапување на топлинсклата енергија без оглед на тоа кој ја врши дејноста. До овој момент во РКЕ, кажа дека нема пристигнато никако барање од ГЕС за издавање лиценца.

-РКЕ издава лиценци за вршење енергетска дејност на компании кои имаат основни средства да ја вршат дејноста. Основните средства можат да бидат во нивна сопственост или да бидат земени под закуп. Доколку новоформираното Градско претпријатие достави барање до РКЕ во кое ние ќе видиме дека има право на користење на дистрибутивната мрежа на Град Скопје ние ќе започнеме постапка за издавање лиценца и при тоа ќе водиме сметка да бидат исполенти сите услови и предуслови за тоа, бидејќи нас како РКЕ единствено не интерсира сигурноста во снабдувањето со топлинска енергија по разумни цени, рече Бислимовски.

Прашањето за тоа дали ќе се плаќаат пенали кон БЕГ кое ја има земено под закуп дистрибутивната мрежа на 30 години, тој укажа дека тоа треба да се провери кај Владата и Градот Скопје што е предвидено со договорот кој бил склучен.

Вкупната бројка на приклучени потрошувачи на централниот систем за греење во Скопје се околу 53.000. 

Џиновски полжави ги исплашија жителите на Москва

$
0
0

Полжави со големина до 15 сантиметри предизвикаа паника во центарот на Москва, што е последно во низата места на кои се пријавени откако се проширија од Шпанија.

Полжавите Arion vulgaris се огромни во споредба со останатите и се голeми штетници. Руските медиуми ги пренесуваат реакциите на жителите во Москва, кои се ужасени од појавата на џиновските полжави.

„Многу јадат и тешко е да ги уништите. Многу брзо се размножуваат“, вели Абдула Ташибеков.

Без сомнежи, овој вид полжави е еден од најштетните во светот. Способен е да живее во различни климатски услови. Успеа за краток период да се насели во сите климатски подрачја во Европа, од Медитеранот на југ до Скандинавија на север. Одбира влажни места за живеење како листопадни шуми, паркови, градини и тревни површини.

Во инвазија се движи по асфалт, се качува по ѕидови, во контејнери и различни места. Се исхранува со билки, отпадоци, хартија, ларви од инсекти и други видови полжави.

Одобрен обвинителниот акт за „Талир 2“

$
0
0
Скопје, 31 јули 2019 (МИА) – Кривичниот суд денеска на јавна седница го одобри обвиненителниот акт за случајот „Талир 2“ кој се однесува на незаконска изградба на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ и го доставила до странките. Откако по оценетиот обвинителен акт ќе биде формиран предмет кој согласно АКМИС – системот ќе биде распределен на понатамошно постапување ќе биде закажан и термин за главна расправа, соопштија од Судот.

-Советот за оценка на обвинителен акт кој постапува по актот со НСК КО 15/18 од 22.11.2018 од обвинителството означен како „Талир 2“, на 10 и 11. 07. 2019 година одржа јавна седница во присуство на странките. По ценење на фактите и доказите изведени на седницата за оценка на обвинителниот акт советот донесе решение со кое актот го одобри во целост, писмено го изработи и го експедира до странките, се вели во денешното сооштение од Кривичниот суд.

Откако по оценетиот обвинителен акт ќе биде формиран предмет кој  согласно АКМИС – системот ќе биде распределен на понатамошно постапување и ќе биде закажан термин за главна расправа странките.

Во случајот „Талир 2“ се обвинети Никола Груевски и Кирил Божиновски, кои, според СЈО, со злоупотреба на службената положба, овозможиле правното лице ДГ Бетон АД Скопје да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, иако правното лице во времето на обезбедување на услугата имало склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи.

Пред судот веќе се води постапка за предметот „Талир“ за незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Според обвиненителниот акт од СЈО, обвинетите во „Талир“ незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни луѓе.

Богоев: Нема никаков правен акт за изградба на дом за возрасни лица во Карпош

$
0
0
Скопје, 31 јули 2019 (МИА) – Во Општина Карпош немало, а нема ниту во моментот, ниту предмет, ниту одобрение, ниту решение, ниту каков било друг правен акт што се однесува на дом за возрасни лица. Такво нешто во Општина Карпош не постои, одговори градоначалникот Стефан Богоев на новинарско прашање дали од невладината организација Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски поднела барање за дозвола за градба на старечки дом во Општината.

Градоначалникот Богоев, кој беше повикан да даде исказ за случајот „Рекет“ во Oбвинителството за гонењe организиран криминал и корупција, нагласи дека ниту тој, ниту Општината, никогаш, ниту во минатото, ниту сега, не работеле никако поинаку освен по закон.

– Би замолил за останатите работи и факти да се почитува работата на Јавното обивнителстово за гонење организиран криминал каде јас како градоначалник дадов изјава за да можам да помогнам на истрагата со сето она што го знам. Овде се работи за конкретна работа што ја спомнавте и затоа скаам да ја расчистам дилемата, меѓутоа за другите детали ве молам на трпение што ќе каже Обивнителството. Се што знам сум кажав таму за да помогнам на истрагата, изјави Богоев, по денешната средба со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој ја посети Полициската станица Карпош и локалната самоуправа, а заедно присуствуваа и на седница на Локалниот совет за превенција.

Инаку, во случајот „Рекет“ засега Бојан Јовановски и Зоки Кичеец, се осомничени дека добиле од бизнисмен 1,5 милион евра за олеснување на постапка која ја водела СЈО.  

Заев: Груевски најмногу би помогнал ако се врати да си ја отслужи казната

$
0
0
Битола, 31 јули 2019 (МИА) – Средба на лидери на политички партии од десницата која може да приденесе за зацврстување на македонско-унраското пријателство. Вака премиерот Зоран заев ја оцени вчерашната средба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта.

– Ова за мене е многу логично. Се работи за двајца претседатели на политички партии од десницата. Тие се членки на ЕПП и логично е да се среќаваат. Секако убаво е да се поделат сите детали со јавноста како што тоа е обврска на сите јавни личности од таквите средби. Јас верувам дека таа средба може да придонесе кон зајакнување на пријателството помеѓу Република Северна Македонија и Република Унгарија, изјави Заев одговорајќи на новинарско прашање при денесшната псоета на Битола.

Прашан за коментарот на Никола Груевски на Фејсбук дека „поради случувањата во земјава држава му идело да му помогне на Заев, премиерот рече дека Груевски најдобро би помогнал кога би се вратил во земјава за да си ја отслужи казната.

– Мора да дојде. Нека дојде. Треба помош во државата. Помош во државата е и кога ќе си ја реализирате казната. Се е помош. Сите испраќаме порака на одговорност со се, заради тоа можам да испратам навистина двосмислена порака – нека се врати дома, кажа Заев.

Прашан за средба што во јули лани во Владата ја имал со осомничениот во „Рекет“ Бојан Јовановски како претставник на Меѓународниот сојуз на која се разговарало за поддршка на план на оваа НВО за помош на ранлива категроија граѓани, Заев рече дека вратата на Владата е отворена за сите кои имаат добри идеи.

– Ние симболично ги тргнавме и оградите, буквално секој граѓанин може се прима во Владата дали лично јас, дали мојот кабинет, советниците, министрите, сите, заради тоа што дефинитивно секоја идеја сакаме да ја преточиме во реализација кога гледаме дека се работи за добри идеи. Јас се сеќавам на состанокот, секако. Состанокот беше за отворање простор за реализација на старечки домови во државата, тоа е составен дел и на Програмата и секако како и сите граѓани, така и г. Бојан Јовановски беше упатен на постапките согласно законот. Тоа значи да се обезбеди локации во општините, регионите каде што тоа е возможно, да се аплицира со проекти, да се добијат одобренија за градби, МТСП го дава одобрението за старечки дом по  стандардите кои треба да се исполнат и на тој начин, како и за секој граѓанин, така и на оваа средба беа објаснети условите за старечки домови. Владата секојдневно прима луѓе. Не ни е првпат да излегле случаи кога тоа се злоупотребувало, но за тоа постојат истраги. Истрагите треба да ги утврдат сите докази, да ги кажат сите аргументи и секако секој што се огрешил по закон да си одговара согласно законот, изјави премиерот Зоран Заев.

Сончаница, труење со храна, покачена температура - Кои лекови треба да ги спакувате за на одмор?

$
0
0

Не претерувајте со пакувањето на мобилната аптека за на одмор, но сепак не тргнувајте без ништо.

Сончаница, труење со храна, покачена температура, убод од инсекти... ова се само дел од здравствените проблеми што може да ве снајдат додека сте на одмор и да ви го уништат летувањето.

Сѐ што важи додека сте дома во град важи и на плажа: не се изложувајте на најјакото сонце (од пладне до 17 часот), не се прејадувајте и не пијте премногу алкохол, особено ако планирате да влезете во вода и задолжително понесете мини домашна аптека.

Не претерувајте

Лекарите велат дека не треба да претерувате со пакувањето лекови и превентивни средства, но дека треба да ги понесете основните медикаменти. Во вашата мини домашна аптека за на одмор треба да имате: редовната терапија (како инсулин, лекови за холестерол, висок крвен притисок, срцеви проблеми и слично), пробиотик, лек против гадење, лекови против болки, против алергија, стомачни тегоби, превентива за убоди од инсекти како и маст за после убод, како и средства за санирање повреди и рани.

Мини патувачката аптека треба да биде помала од домашната, односно понесете лекови соодветно на деновите што сте планирале да ги поминете далеку од дома. За оваа намена треба да имате посебен несесер или кутија што добро се затвора и да ја чувате подалеку од дофат на деца.

Антибиотици не се потребни, посебно не на своја рака

Најчест здравствен проблем на летен одмор е покачената телесна температура, што може да се случи од најразлични причини. Лекарите советуваат дека ако не е повисока од 38,5 степени – нема потреба од паника.

Тие додаваат дека лекови со парацетамол се повеќе од доволни и дека не препорачуваат користење антибиотици на своја рака, односно што не се препишани од лекар.

Во летниот период, а особено покрај вода или во планина, поголем е ризикот од убод од инсекти. Освен ако не сте алергични, нема потреба од загриженост. Понесете спрејови и масти против инсекти, како и масти за ублажување на реакцијата од убод на инсект.

Што треба да содржи мобилната аптека за на одмор

  • Лекови против гадење и мачнини
  • Лекови против болка
  • Лекови за симнување температура
  • Лекови против алергија
  • Пробиотици
  • Медицински алкохол, газа и фластери
  • Средства за заштита од сонце и за нега после сончање
  • Топломер

Што се препорачува за деца

  • Парацетамол
  • Маст против убоди и осипи
  • Лекови против гадење, дијареја и алергија
  • Таблети и сирупи за болка во грло
  • Средства за заштита на детска кожа

Државна видеолотарија: Јули го заокружуваме со успешна реализација на нашите цели

$
0
0

И во месец јули, тимот на Државна видеолотарија остана посветен на  реализирањето на нашата визија. Под слоганот „Играј за забава, играј одговорно, реализирани се неколку цели, со кои придонесуваме кон создавањето подобро општество за сите.

Со донација го подржавме Центарот за младински активизам Крик. Нивниот млад и амбициозен тим, заедно со Сојузот на извидници на Македонија, во периодот од 16.07.2019 до 21.07.2019 во извидничкиот центар во Охрид, имплементираа инклузивни кампови. Камповите нудеа бројни активности за млади и лица со попреченост.

Со донација обезбедивме таблети за ЈЗУ Универзитетската Клиника за детски болести, кои треба да им го олеснат болничкиот престој на дечињата, кои се лекуваат на клиниката.

И оваа година ја продолживме соработката со автомобилскиот шампион Игор Стефановски Иџе. Со нашата поддршка, настојуваме да придонесеме во реализирањето на неговите професионални заложби, за успешно интернационално претставување на нашата земја во светот на автомобилистичкиот спорт.

Тимот на Државна видеолотарија останува посветен и на нашите играчи, но и нивното задоволство. Во месец јули постигнати се 11 МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивки во вкупна вредност од 16.076.462,00 денари. Годинава започнавме со реализација на нашата стратегија за одговорно играње. Во склоп на стратегијата, започнавме со едукација на играчите за одговорно играње. Паралелно со тоа, активна е СОС линијата на која може да се добијат бесплатни совети за одговорно играње.

*Промотивен текст

Спасовски апелира да не се користи огнено оружје на семејни веселби

$
0
0

Скопје, 31 јули 2019 (МИА) – Синоќа за жал имавме двајца повредени на семејна веселба. Знам дека присуствувал и еден пратеник на таа семејна веселба, но сите факти и аргументи од увидот што се вршеше ноќеска ќе бидат систематизирани и врз основа на тоа ќе биде дадено до Јавното обвинителство, со цел да се расчисти случајот, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со инцидентот што се случил синоќа на свадба во Мала Речица при што се повредени две лица, од кои едниот е син на пратеникот од ДУИ, Џевад Адеми.

Според Спасовски, поважно е колкава е генерално свеста кај граѓаните во однос на употребата на огненото оружје.

– Семејните веселби не се прават за таму некој да се однесува неоодговорно и да употребува огнено оружје. Не можам да го разберам тој начин на веселба со огнено оружје. Се знае кога и во кои услови се користи огнено оружје, рече Спасовски, кој денеска присуствуваше на седница на Локалниот совет за превенција во општина Карпош, а претходно ја посети и Полициската станица во општината.

Тој упати апел до сите граѓани, до секој кој е дел од каква било забава, како што рече, да славиме достоинствено како што ни долкува на сите нас.

БЕСА: Не се почитува Законот за употреба на јазиците

$
0
0

Иако поминаа неколку месеци од донесувањето на Законот за употреба на јазиците, како и обврската што ја има Владата за почитување и имплементирање на истиот, ние сме денес тука пред Министерство за Финансии каде што може да гледате дека тука сѐ уште не се почитува законот за јазици, стои во соопштението на Движењето БЕСА.

„Законот за употреба на јазиците не го почитуваат и многу други институции, но оваа акција ја инициравме токму пред ова министерство бидејќи одговорен за овој ресор е премиерот Зоран Заев, а негов заменик министерот е од редовите на ДУИ, која како и нејзината партија изгледа дека повеќе се грижат за внатрепартиски проблеми отколку да се придржуваат кон и спроведуваат закони што се од голем интерес на Албанците“, велат понатаму од БЕСА.

„За да го потсетиме раководството на Министерство за финансии дека треба да се придржуваат кон почитување на Законот за употреба на јазиците, им донесовме плакета напишана на албански јазик за да им послужи како потсетник за поставување на службен натпис и на албански јазик од страна на Владата на Северна Македонија“, додаваат од БЕСА.

Coca-Cola и Pepsi се повлекуваат од лобито на производители на пластика

$
0
0
ЕКОЛОШКИ ОСВЕСТЕНИ КОМПАНИИ

Компаниите Coca-Cola и Pepsi, двата најголеми производители на пијалаци во пластична амбалажа, одлучија да го напуштат лобито на производители на пластика, објави CNN.

И двете компании работат на зголемување на употребата на еколошка и реупотреблива пластика, односно сакаат да ја подобрат инфраструктурата за рециклирање и да се осигураат дека користат произвди што може да се рециклираат. Тие не се сложија со кампањата на Здружението на индустријата за пластика поради која во земјите во САД забраната за пластика беше прогласена за незаконска.

Еколошки освестени компании

Здружението зазеде ставови „што не се потполно во согласност со нашите обврски и цели“, соопшти минатата недела Coca-Cola, нагласувајќи дека се повлекла од лобито годинава.

Pepsi коментираше дека се приклучила на Здружението за да научи за иновациите во „постигнувањето кружна економичност на пластиката“, но дека тоа не е случило.

„Прекинувањето на соработката со Здружението на индустријата за пластика е знак дека компаниите сфаќаат дека не можат јавно да промовираат еколошка освестеност, а притоа финансиски да помагаат здружение што лобира за континуирана употреба на пластика за една употреба“, вели Џон Хоцевар, директор на организацијата Greenpeace USA Oceans.

Coca-Cola, Pepsi и пластиката

Coca-Cola во 2017 година произведе 3,3 милиони тони пластика, а за Pepsi  уште не се достапни тие податоци. И двете компании се трудат да најдат начини како да го намалат користењето на пластика за една употреба и да го зголемат обемот на рециклирање.

Исто така, истражуваат алтернативни пластични амбалажи, како алуминиумски, кои полесно се рециклираат.

Компанијата PepsiCo неодамна соопшти дека нејзината вода Aquafina од следната година ќе се продава во алуминиумски лименки.

„Решавањето на пластичниот отпад е еден од моите главни приоритети“, изјави Рамон Лагуарта, извршен директор на компанијата PepsiCo.

Pepsi се обврза дека до 2025 година ќе стигне до користење само на амбалажи што се биоразградливи, што може да се рециклираат и компостираат, а Coca-Cola вети дека во наредните 11 години ќе премине на изработка на шишиња и лименки што се состојат барем 50% од рециклиран материјал.

Новиот Клинички центар од 500 милиони евра ќе биде готов за седум години

$
0
0

Скопје, 31 јули 2019 (МИА) – Изградбата на новиот Универзитетски клинички центар во Општина Ѓорче Петров ќе стартува на почетокот на следната година, ќе биде завршен за седум години, а целиот проект ќе чини 500 милиони евра, пари што ќе се обезбедат со кредит од комерцијалните банките „Ерсте груп“, „Рајфајзен банк“ и „Уникредит“, кои доставиле најдобра понуда, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче на средба со новинарите.

-Министерството за финансии испрати 18 барања до меѓународни инвестициски фондови и комерцијални банки, рече Филипче, додавајќи дека шест одговориле, а е избрана понудата од банките „Ерсте груп“, Рајфајзен банк и „Уникредит“ како најповолна.

На прашање за условите под кои ќе се враќа кредитот, Филипче упати во Министерството за финансии, бидејќи не сака да шпекулира со бројки.

Посочи дека имотно – правните односи на местото каде што ќе се гради новиот клинички центар се расчистени, а земјиштето е целосно во државна сопственост, односно нема да има експопријација.

Министерот појасни дека изградбата на клиничкиот центар ќе се одвива во три фази и дека првата фаза би завршила по 3,5 години, а последната по седум години.

Според него, се планира најпрво да се префрлат хируршките клиники, операционите сали и ургентниот центар, а потоа и клиниките за гинекологија, за педијатрија и за онкологија.

Министерот рече дека на почетокот на август ќе започнат постапката со конкурентен дијалог, појаснувајќи дека тоа ќе значи дека во тендерската постапка ќе се вклучи и проектирањето, изградбата, опремувањето, ставањето во функцијата и тренингот на персоналот кој треба да работи во новиот објект.

-Во Министерството за здравство направивме тим кој веќе подолго време работи на анализа на законите. Ќе се оди според членот 53 на Законот за јавни набавки и ние сме подготвени тоа да го започнеме на почетокот на август, рече Филипче и додаде дека физибилити студијата е готова и наскоро ќе биде ставена на јавен увид.

Клиничкиот центар, како што нагласи Филипче, е најважен капитален објект од значење за целата држава, што ќе има модерен начин на давање здравствена услуга, односно се ќе биде на едно место.

Министерот за здравство информира дека Владата на вчерашната седница го усвоила Предлогот за изменување на Уредбата за мрежата на здравствени установи, со што, се трга ограничувањето на отворање аптеки и специјалистички ординации кои можат да склучат договор со Фондот за здравствено осигурување, согласно финансиските можности на фондот, а при тоа, се задржуваат критериумите за квалитет.

Целта, како што рече, е надминување на проблемот со недостигот на лекови, поради можноста што ќе им се даде на аптеките коишто досега немаа договор со Фондот за здравствено осигурување, да склучат таков договор. Воедно треба да се мотивираат младите лекари да отвораат свои специјалистички ординации, кои ќе имаат склучени договори со ФЗО, што досега не беше можно.

Viewing all 63056 articles
Browse latest View live


<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>