Quantcast
Channel: Кајгана
Viewing all 63056 articles
Browse latest View live

Што му прави плачењето на нашето тело?

$
0
0

Плачењето не влијае на нивото на хормонот на стрес, но влијае телото да се смири така што го забавува дишењето и ги регулира отчукувањата на срцето. Најновото истражување, објавено во списанието Emotion, најдобро покажува како плачењето влијае на нашето тело.

„Се заинтересиравме за оваа тема за подобро да разбереме на кои начини плачењето му помага на организмот. Познато е дека низ солзите телото се ослободува од токсини и дека на некој начин ја менува состојбата, помагајќи ни да се носиме со стресни и болни ситуации. Затоа мислевме дека би било интересно ова малку подлабоко да го разгледаме“, вели Леа Шерман од Универзитетот Квинсленд.

Во истражувањето учествувале 197 студентки кои можеле да бираат меѓу тажни и емоционално неутрални снимки. Околу 50 проценти од девојките кои гледале тажно видео на крајот плачеле.

Експериментот е продолжен со тестирање на испитаниците на стрес, требало да ја стават раката под студена вода. За тоа време научниците им ги мереле отчукувањата на срцето, дишењето, па нивото на кортизол во телото.

Спротивно на очекувањата, испитаниците кои плачеле не биле во состојба подолго време да ја држат раката во студена вода, но многу подобро го регулирале дишењето. Нивото на кортизол и кај едните и кај другите било слично.

„Плачењето може да одмогне исто онолку колку што може и да помогне. Во многу ситуации луѓето се срамат од солзите и се чувствуваат засрамено откако ќе се расплачат во јавност. Ако и вие така се чувствувате, веројатно плачењето во вашиот организам нема да предизвика позитивни промени и нема да направи да се чувствувате подобро“, заклучува авторот на студијата.


Новак Ѓоковиќ ќе добие музеј во 2020 година

$
0
0

Музејот посветен на Новак Ѓоковиќ ќе биде отворен следната година во центарот на Белград, соопшти денеска Срѓан Ѓоковиќ, таткото на најдобриот тенисер на светот.

Тој наведе дека музејот ќе биде лоциран на улицата Кнез Михајлова.

„Го отвораме музејот следната година во центарот на градот, има огромен интерес и кај домашните и кај странските туристи, особено кај Кинезите. Тој е страшно популарен во Кина“, изјави Срѓан Ѓоковиќ за RTS.

Тој додаде дека е исклучително важен триумфот на Новак на неодамна завршениот Вимблдон, кој бил потврда дека српскиот тенисер е најдобар на светот.

Ѓоковиќ дојде до петтата титула на Вимблдон, а 16-та во Грен слемови, со победата над Роџер Федерер во Лондон.

Срѓан Ѓоковиќ изјави дека следна цел на Новак е титулата на УС Опен во Њујорк.

Sony продаде 100 милиони конзоли PlayStation 4

$
0
0

Компанијата Sony одбележа значаен јубилеј – 100 милиони продадени конзоли PlayStation 4.

Конзолата PS 4 е продажниот хит на Sony, а во кварталот заклучно со 30 јуни продадени се вкупно 3,2 милиони примероци.

Тоа значи дека компанијата досега има продадено вкупно 100 милиони примероци. Во претходниот квартал, Sony стигна до 96,8 милиони продадени конзоли.

Иако факт е дека продажбата слабее, PS 4 сепак во категоријата домашни конзоли најбрзо стигна до бројката од 100 милиони продадени конзоли.

Со тоа ги надмина конзолите Sony PlayStation 2 и Nintendo Wii.

PS 4 ја оствари продажната цел за само пет години и седум месеци од влегувањето во продажба.

Овј успех го оствари по помалку од три години откако стигна до бројка од 50 милиони продадени примероци.

Продажбата беше континуирано солидна за четвртата генерација PlayStation. Во 2017 година беа продадени 19 милиони примероци, а во 2018 – 17,8.

Новата генерација, конзолата PS5, се очекува да стигне догодина наесен.

Sony ветува дека новата конзола ќе поддржува 8K графика, 3D аудио, дека ќе има SSD меморија и дека ќе користи осумјадрен процесор базиран на Ryzen линијата од третата генерација AMD.

„The Irishman“: Роберт Де Ниро и Ал Пачино во новиот гангстерски филм на Скорсезе

$
0
0

Режисерот Мартин Скорсезе се враќа на ганстерскиот жанр со можеби најочекуваниот филм годинава, „The Irishman“.

Netflix го обајви тизерот за долгоочекуваната гангстерска драма базирана според новелата на Чарлс Брант. Филмот повторно ги обединува Роберт Де Ниро и Џо Пески, додека Ал Пачино досега нема работено со Скорсезе.

Во The Irishman Де Ниро ја толкува улогата на Френк Ширан, ветеран од Втората светска војна кој станал платеник на мафијата и има улога во исчезнувањето на Џими Хофа. Пачино ја толкува улогата на Џими Хофа, лидерот на синдикатите кој исчезнал во 1975 година.

Во останатите улоги се појавуваат Реј Романо, Харви Кител и Ана Пакин. Една од најфасцинантните работи поврзани со филмот е ефектот на стареење на ликовите што Скорсезе го користи со помош на технологија која помага актерот да се појавува децении помлад. Така во трејлерот ќе ја видите помладата верзија на Де Ниро.

Северна Кореја: Извршена проба на ракетен систем, а не на ракети

$
0
0
Сеул, 1 август 2019 (МИА) – Северна Кореја објави дека нејзиниот лидер Ким Џонг Ун го надгледувал првото тестирање на новиот ракетен систем што може да ја зголеми можноста таа земја да погодува цели во Јужна Кореја и тамошните американски воени бази.

Тоа го соопшти севернокорејската агенција КЦНА, иако јужнокорејската војска соопшти дека од Северна Кореја биле лансирани две балистички ракети со краток дострел.

КЦНА нагласува дека Ким изразил задоволство од пробното лансирање и дека најновиот ракетен систем ќе има „голема улога“ во воените операции.

„Пробата научно потврди дека техничките податоци и карактеристики на новото ракетно вооружување од голем калибар достигнале нумерички вредности на својот дизајн и ја потврдиле борбената ефективност на целиот систем“, пренесува КЦНА.

Севернокорејската агенција не спомна ниту една земја како потенцијална цел. 

Убиен синот на Осама Бин Ладен

$
0
0

Хамза Бин Ладен, синот на основачот на Ал Каеда, е убиен во воздушен напад, пренесуваат американските медиуми повикувајќи се на анонимни извори.

Местото и датумот на смртта се нејасни, а официјалните лица не сакаат да изнесуваат детали за околностите во кои е загинат наследникот на Осама Бин Ладен. Не е познато ни дали Американците учествувале во операцијата на ликвидација.

NBC News потсетува дека Хамза Бин Ладен последен пат во јавноста бил виден на снимка објавена од Ал Каеда минатата година, на која се заканува на Саудиска Арабија. Тој го повика народот на револт против режимот на владејачката династија.

Се верува и  дека 30-годишниот Хамза има објавено видео пораки во кои повикува на напади на САД и  други земји. Во февруари годинава владата на САД понуди 1 милион долари за информации поврзани со него, пренесува BBC. Веста за смртта на Хамза ја пренесуваат NBC News, New York Times, CNN и се повикуваат на неименувани извори.

Борисов пристигна во Владата на средба со Заев

$
0
0
Скопје, 1 август 2019 (МИА) – Бугарскиот премиер Бојко Борисов кој престојува во посета на земјава по повод одбележувањето на двегодишнината од Договорот од Договорот за добрососедство, пријателство, претпладнево беше пречекан од премиерот Зоран Заев пред Владата со највисоки државни и воени почести.

Двајцата премиери и владините делегации ќе имаат билатерални средби на кои ќе го разгледаат напредокот на соработката на билатерален и мултилатерален план.

Премиерите Заев и Борисов ќе имаат заедничка прес-конференција во медија центарот на Владата по што ќе заминат во црквата „Св. Спас“ каде што ќе се поклонат и ќе положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев.

Бугарскиот премиер во Скопје ќе има средба и со претседателот Стево Пендаровски.

Предвидено е Борисов и Заев потоа да заминат за Дојран каде што ќе положат цвеќе на споменикот на полковник Константин Каварналие.

Едно лице обвинето за разбојништво во казино во Скопје

$
0
0
Скопје, 1 август 2019 (МИА) – Основното јавно обвинителство поднесе обвинение против едно лице, кое со засега уште едно непознато лице извршиле разбојништво во казино, при што со закана со пиштол одзеле над 126 илјади денари.
 
-Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице заради сторено кривично дело Разбојништво од чл.237 ст.4 во врска со ст.1 и во врска со чл.22 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 20.07.2019 година, заедно со уште едно засега непознато лице, влегле во казино на ул. „12 Македонска бригада“ и со употреба на опасно орудие – пиштоли се заканиле на двајца вработени и одзеле туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвојат. Имено, тие одзеле парични средства во вкупен износ од 126.049 денари, соопшти ОЈО.
 
Ценејќи дека и натаму се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице. 

Обвинителството изврши увид на местото на сообраќајна несреќа на патот Велес – Штип

$
0
0
Скопје, 1 aвгуст 2019 (МИА) – Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес синоќа изврши увид на регионалниот пат Велес – Штип, кај Ново Село, на местото каде се случи тешка сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот, а 14 беа повредени.

Како што информираат од Јавното обвинителство, според првичните сознанија, до несреќата дошло кога комбе управувано од 30-годишно лице од Скопје, со кое се превезувале материјали за градежништво, движејќи се во правец од Штип кон Велес, од засега непознати причини преминало на спротивната коловозна лента. Во тој момент, во спротивната насока се движел автобус на туристичка агенција кој превезувал патници за Сончев Брег, Бугарија.

-Автобусот се обидел да избегне директен судар, движејќи се кон крајот на коловозната лента. Сепак комбето удрило во предниот дел од автобусот и се извртело целосно на спротивната коловозна лента и во спротивна насока од првобитното движење. Од незгодата на самото место починал возачот на комбето, додека 14 патници од автобусот се здобиле со повреди, вклучувајќи го и возачот на автобусот, соопшти Обвинителството.

По насоки на јавниот обвинител, подигнати се траги од местото на несреќата и издадена е наредба да се изврши обдукција на телото на починатиот. Истовремено, издадена е наредба да се изврши анализа за присуство на алкохол во крв и урина кај повредениот возач на автобусот. По наредба на јавниот обвинител ќе се изврши сообраќајно вештачење, како и машинско вештачење на исправноста на возилата. 

Моментот кога ајкула ќе украде камера од нуркач

$
0
0

Discovery објави видео во кое гледаме како снимателот и нуркач Мајк Дорнелас има опасна средба со ајкула која буквално ја краде опремата за снимање од неговите раце. Но, неговата реакција по ајкулата е уште поопасна.

Тој решава да не ѝ дозволи на ајкулата да си замине со неговата опрема и плива по неа.

Pagani го претстави моделот Huayra Roadster BC

$
0
0

Најновото од италијанската компанија Pagani доаѓа со AMG 6-литарски V12 мотор. Ултраспортскиот модел Huayra Coupe BC е еден од најскапите модели на Pagani досега, а 40 најбрзи и најсреќни купувачи за 3,5 милиони долари ќе го добијат овој автомобил со 800 коњски сили задолжени за 1.217 килограми.

Официјални податоци за забрзувањето и најголемата брзина нема, а на публиката ќе и биде официјално претставен наредниот месец на изложба на егзотични автомобили во Калифорнија.

 Pagani го претстави моделот Huayra Roadster BC

Пречек Борисов

$
0
0

Фото: Дарко Попов/МИА

Пречек Борисов

Горат милиони хектари шума во Сибир

$
0
0
Москва, 1 август 2019 (МИА) – Во изминатите 24 часа пожарите во руската област Иркутск зафатија уште 7.300 хектари, со што областа зафатена од пожарот е повеќе од 720.000 хектари, соопшти денеска регионалната влада.

Руската служба за заштита на шуми соопшти дека изгореле 2,8 милиони хектари шума во тешко достапни области и дека најголеми пожари се пријавени во регионот Јакутија, каде што гореле 1,1 милиони хектари шума, потоа во регионот Краснојастк, околу еден милион хектари, и Иркутск.

Во гаснењето учествуваат 2.700 луѓе со околу 390 парчиња опрема.

Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека руската влада се очекува да изготви план за формирање противпожарен центар за следење на ситуацијата, спречување шумски пожари и преземање итни мерки за гаснење.

Руското Министерство за вонредни ситуации соопшти дека чадот од пожарот загрозува повеќе од 800 населени места во 38 области во Сибир и Далечниот Исток и дека сегашната состојба е најтешка во Јакутија, Краснојарск и Иркутск. 

Грција го забрани увозот на свинско месо од Бугарија

$
0
0
Атина, 1 август 2019 (МИА) – Грција го забрани увозот на свинско месо од Бугарија, а Агенцијата за безбедост на храната воведе вонредни мерки за контрола по информацијата за жаришта на африканска чума кај свињите во Бугарија.

Се вршат строги контроли на граничните пунктови и целосно е забранет увозот на свинско месо и производи.

Засега нема регистриран случај во Грција, соопшти Министерството за земјоделство. Експерти претпоставуваат дека вирусот би можел наскоро да ги зафати и фармите за свињи во Грција. 

Кривична пријава за лице што повикувало на насилство на Facebook

$
0
0
Скопје, 1 август 2019 (МИА) – Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до надлежното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава против В.Ч. (51) за објавена содржина на Facebook со која повикува на насилство, односно за сторено кривично дело „Загрозување на сигурност“ и „Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Како што соопшти МВР,  В.Ч. вчера бил повикан во Полициската станица Чаир и од него е одземен мобилен телефон.

-Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваме сите граѓани кои се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани, да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата cybercrime@moi.gov.mk, наведува МВР. 


Двејн Џонсон најплатен актер за 2019

$
0
0

Познатиот актер Двејн The Rock Џонсон се наоѓа на 15 место на новата листа најплатени славни личности на Forbes.

Тој заработи 124 милиони долари во 2018 година. Неговата присутност во медиумите во голем дел е и заслужна за тоа што тој заработува толку пари од блокбастерите кои ги снима, а од кои заработува и по 25 милиони долари од улога.

Во 2019 година досега заработи 89,4 милиони долари, а неговата вредност по 25 кариера е проценета на 280 милиони долари. Според магазинот, Џонсон ги има заработено парите од филмовите како „Hobbs & Shaw“ и „Jumanji: The Next Level“.

На листата со најголема заработка досега во 2019 година се наоѓаат:

1. Тејлор Свифт – 185 милиони долари

2. Кајли Џенер – 170 милиони

3. Канје Вест – 150 милиони

4. Лео Меси – 127 милиони

5. Ед Ширан – 110 милиони

6. Кристијано Роналдо – 109 милиони

7. Нејмар – 27 милиони

8. Д Иглс – 100 милиони

9. Доктор Фил – 96 милиони

10. Канело Алварез – 94 милиони долари.

Борисов се извини за „северномакедонци“

$
0
0
Скопје, 1 август 2019 (МИА) – Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев се извини што неодамна граѓаните на Северна Македонија ги нарече „северномакедонци“.

– Извинете, моја грешка е што реков северномакедонци. Граѓани на Република Северна Македонија, простете, но јас тоа го кажав несакајќи, а тоа беше претставено како да сакам некого да убијам!, рече Борисов.

Кривичниот суд го одобри во целост обвинението за сообраќајката кај Ласкарци

$
0
0

Скопје, 1 август 2019 (МИА) – Кривичниот суд во Скопје во целост го одобри обвинителниот акт за сообраќајната несреќа што во февруари годинава се случи кај селото Ласкарци, по што е формиран кривично правен предмет, кој преку АКМИС системот ќе биде распределен за натамошно постапување.

-Во однос на повеќе новинарски прашања за обвинителниот акт КО 778/19 поврзан со сообраќајната несреќа која на 13 февруари 2019 година се случи кај селото Ласкарци, ја информираме јавноста дека советот за оценка на обвинителниот акт по разгледување и ценење на фактите и доказите приложени во актот, донесе решение со кое обвинението го одобри во целост, соопштија од Судот.

По оценетиот обвинителен акт, информираат од Кривичниот суд, формиран е кривично – правен предмет со К.бр.1407/19 кој согласно АКМИС – системот ќе биде распределен на понатамошно постапување, а отткако ќе биде насрочен термин за главна расправа странките и јавноста ќе бидат дополнително известени.

Во несреќата кај Ласкарци загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени. 

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради одбележување на Илинден

$
0
0
Скопје, 1 август 2019 (МИА) – Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје утре од 9 часот поради одбележувањето на празникот Илинден ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во Скопје, при што за сообраќај ќе биде затворен потегот од крстосницата меѓу улицата „11-ти Октомври“ и булеварот „Кочо Рацин“ до крстосницата меѓу улицата „Даме Груев“, улицата „Васил Главинов“ и улицата „Димитрија Чуповски“ и од крстосницата меѓу улицата „Даме Груев“, улицата „Македонија“, улицата „Филип Втори Македонски“ до улицата „Кеј 13-ти Ноември“.

Од МВР соопштија дека утре од 5 до 14 часот на улицата „Беласица“ и од 14 до 18 часот на улицата „Самоилова“ (виадукт кај стоковна куќа Мост) во Скопје, во организација на Друштво за филмска продукција „Фокус Покус Филмс“ од Скопје, ќе се снима филм, поради што Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат настаните. 

Заев и Борисов се поклонија на гробот на Гоце Делчев

$
0
0
Скопје, 1 август 2019 (МИА) – Премиерите на Северна Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, денеска заедно положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје по што ги разгледаа фреските и иконостасот во црквата.

На поклонувањето на гробот на македонскиот револуционер беа присутни и министрите за надворешни работи на двете земји Никола Димитров и Екатерина Захариева.

Борисов, кој престојува во еднодневна посета на земјава, потоа замина на средба со претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски од каде заедно со премиерот Заев ќе се упатат во Дојран каде што ќе положат цвеќе на споменикот на полковник Константин Каварналиев.

Со тоа ќе заврши официјалната посета на премиерот Борисов по повод двегодишнината од потпишувањето на Договорот за добросоедство, пријателство и соработка меѓу двете земји што беше потпишан на 1 август 2017 година во Скопје. 

Viewing all 63056 articles
Browse latest View live